Топ 5 Филмови за 2012

Day 1,870, 10:08 Published in North Macedonia North Macedonia by krembananka

Лани имаше ногу добри филмови па решив да направам статија според мене кој се 5те најдобри филма за 2012 година...УЖИВАЈТЕ!

1.The Dark Knight Rises (2012)

После 8 години нов терористички лидер со име "BANE"-Бејн кој го окупира градот и владее со него тука е "BATMAN"-Бетмен кој доаѓа да го реши тој проблем,пред се ептен добар филм според мене.



2.Looper

„Лупер“ во кој глуми неверојатниот Брус Вилис, е трилер во режија на Риан Џонсон. Приказната се случува во иднината, а воедно е поврзана со минатото, всушност претставува нешто што не сме го виделе до сега. Содржина е доста интересна и истата ќе ве држи во неизвесност се до самиот крај.



3.Skyfall

Ако мислевте дека неможе повеќе да се изненадите после 23оот трилер на Џејмс Бонд тогаш погрешивте, бидејќи „Скајфол“ е пример дека тоа се уште е возможно. Се, се должи на заслугата на режисерот Сем Мендес, на актерот Данел Крег како и на останатиот дел од актерската екипа. Во овој филм ќе можете за прв пат да ја видите физичката и психичката слабост на Бонд, Џејмс Бонд.




4.Zero Dark Thirty


Не може, а да не се заљубите во трилерот на режисерката и оскаровка Кетрин Биглоу. Во филмот преку акција е опишана вечната потрага на терористот Осама Бин Ладен. Маја(Џесика Частеин) е агент на мисија и ја има тешката задача да го пронајде овој познат терорист. Суштината на фимот е како да ја зачуваме хуманоста кога правиме нехуман чин, при кој главната целе да спречиме лоши дела.




5.Cloud Atlas

Овој филм е направен според романот на Дејвид Мичел и е еден од најромантичните филмови за 2012 година. Ѕвездата на овој филм е Хали Бери и таа игра повеќе улоги низ времето. На почетокот се ви изгледа како да е неповрзано, но подоцна работите полека ќе ви се разјаснат. Филмот е нешто што вреди да го погледнате.


Ова се моите топ 5 филма за 2012 година мој предлог да ги изгледате сите 5 и се надевам дека ке уживате!


ВЕ МОЛАМ ОД СИТЕ ПО ЕДЕН SUBSCRIBE, VOTE и SHOUT