Македонците се борат против грчката криза со по 400 илјади евра дневно

Day 2,101, 08:08 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

НАЈУСПЕШНА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА ВО ГРЦИЈА

Македонците се борат против грчката криза со по 400 илјади евра дневно
Сите податоци покажуваат дека Грција годинава ќе има една од најуспешните туристички сезони во последниве 20 години. Македонскиот дел од поткрепата на грчката економија во криза, само за оваа летна сезона, се проценува на околу 60 милиони евра.


Грчките медиуми ги караат Грците што викендите ги поминуваат во Македонија, главно во казината во Гевгелија и Дојран, ги нарекуваат предавници затоа што трошат грчки пари во Македонија. Таа бројка навистина е неспоредлива во однос на бројката на Македонците што годинава летниот одмор го поминаа во Грција и покрај повремените навреди на граничните премини од припадниците на Златна зора и стравот дека нивниот автомобил ќе добие нова боја и шари по каросеријата со порака „скопјани цигани“.

Податоците на македонската гранична полиција покажуваат дека во екот на туристичката сезона, од 1 јуни до вчера, 20 август, на граничните премини со Грција поминале 300.180 македонски граѓани. Лани за периодот од 1 јуни до крај на август беше регистрирана бројката од 371 илјада. Ако на ова се додадат и мајските и септемвриските аранжмани, викенд-престоите, тогаш, за годинава во сезоната мај-септември може да се заокружи бројката од 400 илјади македонски туристи.

Искусните туристички работници во Македонија велат дека во просек (апартманско и хотелско сместување) дневно македонскиот турист троши околу 20 евра за спиење и јадење (10 евра за спиење и 10 евра за јадење без пресметаните намирници во преполнетиот багажник). Ако се пресмета дека просечно аранжманот е 8 дена, во сезона од мај до септември, со вакви минимални пресметки во Грција сме оставиле околу 60 милиони евра. Или дневно околу 400 илјади евра во периодот од мај до септември.


извор: http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-se-borat-protiv-grchkata-kriza-so-po-400-iljadi-evra-dnevno