Број - 3

Day 1,210, 05:57 Published in North Macedonia North Macedonia by mymedmind
И дефинитивно следиме трендови. После Јапонија цунамито ја зафати целава игра. Ситуацијата е е ваква:



И нормално како и во реалниот свет така и овде ќе има преживеани, а тоа кој како ќе помине ќе видиме допрва.
Како што веќе видовте измените се во делот на inventory=storage и делот accounts. Фората е во тоа што сите сметки делуваат како една. За делот околу даноци и вадење пари искрено немам поим како ке функционира бидејки каде и да кликнам се појавува кокошката и сеуште доработуваат. Делот storage претставува централен магацин за се. Има неограничен капацитет и како што прочитав (има таму еден плав извичник) до ден 1250 ќе е така. Во овој дел можете и директно да ставате понуди на маркет. Ова донекаде ја убрзува играта со тоа што ако имате пет фирми за жито не кликате на секоја поединечно туку како што парите така и ресурсите ви се централизирани.
Искрено пробав нешто да објаснам колку ме разбравте незнам.
А дали ви се допаѓа ќе кажете сами!