Поема за 22 март!

Day 1,585, 05:55 Published in Turkey North Macedonia by red cross1

Поема за 22 март!

Ден мрачен, сонце нема
па дали тогаш BH медал се зема ?
Незнам ни јас, решив да рокна
но веднаш мене ново друштво ми скокна!

Рокнав цел милион па не е малце
па решив да си сварам јас чајче!
Не помина минута дојдоја прцачи смели
медал со мене тој нејќеше да дели!

Инает ме фати,
рокав како луд
и дома јас без оган
го кркав сиот студ!

Нејаден и смрзнат јас БХ не го давав
па ако требаше до утре на италија ќе мавав!
Глава ме фати, тоа крај немаше
дали толку вреди или само цената си ја креваше!

Од мојот милион М не остана
но затоа нови 3 светнаа на страна!
Луд и бесен јас бомбони кркав
па не беше проблем и до утре да го бркав!

Сепак на крај тој даде душа
медалот мој си дојде како круша!
Светна и 4ти медал кај мене
а тој си рече ЃАВОЛ ДА ТЕ ЗЕМЕ!

Остана надеж за ЦХ да фати
но рицqo на тоа дупло му врати!
Медал до Бх јас смело си добрав
и сето злато на куп си го СОБРАВ!

Затоа пази со кого се фајќаш
некогаш можеш дупло да плаќаш!
Поука смела јас истадов одма
зошто од вчера сум во посебна ФОРМА!


Благодарам ШТО Е ПРОЧИТА МОЈАТА ПОЕМА ! Немаш обврска за суб и воте!

Ова го пишам чисто од рекреација!