ЗА НОВИТЕ ИГРАЧИ: ТУТОРИЈАЛ #2 [МзИ]

Day 2,746, 19:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Поздрав.

Пред да го започнеме овој туторијал сакам да ви напоменам дека играта можете да ја играте и на Македонски јазик. Се што треба да направите е пред да се логирате да одберете Македонски јазик од листата јазици. На сликата подолу можете да видите како тоа изгледа.




Во овој втор туторијал ке дадеме објаснување за вашата профилната страна на еРепублик.



1. Вашиот аватар

1.1 Моменталната локација каде се наоѓате
Доколку сакаш да ја промениш својата локација кликаш на “измени” (кое што се наоѓа веднаш до “Локација” и ја добиваш следнава ситуација:



Кај “Нова локација” избрирате најпрвин држава, а потоа и регион и кликате на “Движи се” (1,2,3 чекорите)
За да се селите сега за сега, најдобра солуција е да користите билети со квалитет 5. Можете да ги добиете во наградите од Неделниот Предизвик, да си ги купите од маркет или да побарате од постарите играчи 🙂

1.2 Државјанство
За промена на државјанство прво треба да се преселите во земјата од која сакате да ви биде дадено државјанство. Барањето за државјанство трае 5 дена и доколку во тој рок не ви биде дадено државјанство во наредните 5 дена нема да можете да барате во истата земја.

1.3 Твојот eРеп роденден
1.4 Државниот ранг
1.5 Не пцујте, не навредувајте, не бидете вулгарни, НЕ ПОДЛЕГНУВАЈТЕ НА ПРОВОКАЦИИ!!!
1.6 Твојата политичка партија
1.7 Твојата воена единица
1.8 Твојот весник
1.9 Твоите пријатели





2.Вашиот ник и левел

2.1 Профил
2.2 Пријателите
2.3 Поканети пријатели
- Со секој поканет пријател добивате 10% од целиот голд што тој ке го заработи.
2.4 Уреди профил - Делот во кој можете да напишете нешто за себе, да промените аватар, да пополнете денот на вашиот рл роденден, да внесете е-маил, лозинка (која е важна особено кога правите измени на вашиот профил), исто така можете да го промените вашиот ник доколку сакате. Исто така тука можете да си подесите на каков начин сакате да бидете контактиран од еРепублик тимот. Тоа изгледа вака:



Кога го посетуваш профилот на твојот пријател:

2.1.1 Имаш можност да му/и испратиш подарок (за ова ќе треба да вложите реални пари што не е препорачливо)
2.1.2 Да му/и донираш пари и голд - Играчот на кого ги праќате парите има можност во рок од 3 дена да ја прифати донацијата. Ако ја одбие ќе добиете известување за тоа.
2.1.3 Да му/и донираш предмети (леб, оружје, билети)
2.1.4 Да му/и пратиш приватна порака
2.1.5 Да го/ја избришеш од твојата листа на пријатели





3. Медали

На еРепублик моментално има 13 медали:

1.Борец за слобода – Потребно е да пукате во одреден број востанија (ослободителна војна) и да поразите одреден број непријатели
2. Вреден работник – потребно е да работите 30 дена
3. Конгресмен – потребно е да бидете дел од конгресот кој се избира еднаш во месецот на 25ти
4. Претседател – потребно е да победите на претседателските избори кои се одржуваат секој месец на 5ти
5. Весник – потребно е да соберете 1.000 претплатници на својот весник
6. Херој во битка – потребно е да направите најголема штета во битка
7. Херој во кампања – потребно е да направите најголема штета во кампања
8. Херој на ослободителна војна – потребно е да поддржите и да помогнете да се ослободи регион
9. Супер војник – потребно е да напредувате со 250 поени сила
10. Градител на општество – потребно е да поканите 10 луѓе во еРепублик преку вашиот реферал линк и да им помогнете да достигнат 10ти левел
11. Платенички медал – потребно е да поразите 25 непријатели за 50 различни земји
12. Топ борец – потребно е да имате највисока штета во денот на еРепублик за 30 различни дена
13. Вистински патриот – потребно е да нанесете штета за земјата во која сте државјанин




4. Воени карактеристики

4.1 Твојата сила
4.2 Дивизијата во која се наоѓаш
4.3 Твојот воен чин





5. Одликувања - Не се разочарувајте ако немате одликување, секако за ништо не служат 😃
6. Вистински патриот



7. Најголема штета во кампања
8. Историја на герилски битки
9. Историја на оружје за масовно уништување
– тука спаѓаат ракетите и бомбите кои може да се добијат кога има мисии



ВАЖНО: ЗАБРАНЕТО Е КОРИСТЕЊЕ НА ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ПРОФИЛ ВО ИГРАВА, АКО ИГРАТЕ ПОВЕЌЕ ПРОФИЛИ ЌЕ ВЕ БАНИРААТ !!!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА! о7


Линкови до останатите туторијали:
| Туторијал 1 | Туторијал 3 | Туторијал 4 |

Кампања "Цицка за сите еБебиња"
Проект подржан од владата на еМакедонија
😃

Госпоѓица Министерка Алисс
со Господин Министер акцонел 😃