Дали знаете дека... (2)

Day 1,447, 13:11 Published in North Macedonia North Macedonia by ORIGINAL MKD

Еве неколку информации кои можеби не ги знаете ....







1.Ернест Винсент Рајт го напишал романот „Гетсби“ од 50.000 зборови, од кои ниеден збор не ја содржи буквата „е“.

2.Низ светот, во просек, на секоја минута се продаваат по 50 библии.

3.Најмалиот тестамент на светот што е напишан, широк 3,8 сантиметри, содржи 40 зборови и го потпишале двајца сведоци.

4.Ако се родите во недела кај пуританците тогаш сте грешник.

5.Вкупниот број пораѓања во Индија во текот на една година е поголем од вкупната популација на Австралија.

6.Родителите, во просек, трошат околу 5.000 евра во првата година од раѓањето на детето.

7.Кинескиот политичар Мао Це Тунг одбивал да ги мие забите со четка и паста, наместо тоа ги миел со чај.

8.Преку 1.600 луѓе во Северна Америка во некој момент биле заклучени во багажникот од автомобилот.

9.Преку 90 проценти од случаите на изложеност на отрови се случуваат во домот.

10.Гуштерот туатара, од Нов Зеланд, има три очи, два во средина и едно на врвот на главата.

11.Медот некогаш се користи за смеса што служи како антифриз, а се става во средината на топче за голф.

12.Американците годишно пишуваат 50 милијарди чекови.

13.87 проценти од сопствениците на кучиња велат дека додека гледаат телевизија нивните кучиња легнуваат пред нивните нозе.

14.Американците најмногу јадат помфрит, просечен Американец годишно јаде околу 63 килограми компир.

15.Во стар Египет жените носеле парчиња парфем од восок, што го топеле на сонце и го користеле.

16.Во човечките црева постојат околу 400 видови бактерии.

17.Некои пасти за заби содржат глицерин или глицерол, што е главна состојка на антифризот.

18.Фризбито го открил Волтер Фредерик Морисон, а името изумот го добил по производителот на пити Вилијам Фризби, чиишто тацни за пити луѓето ги користеле како денешните фризби за дофрлување.







Поздрав , Вашиот
ORIGINAL MKD