Промени и Појаснувања - Ден 1568

Day 1,568, 07:54 Published in North Macedonia North Macedonia by dedo mraz 78

Промени после 3 саата чекање



Сите знаете дека со промените имаме една валута и фактички му ја намалија вредноста на ДЕНАРОТ.



За да ја разберете оваа промена треба да се вратиме малку назад во времето кога прв пат почнавме да играме.



На почеток 1 злато се купуваше за 35 МКД. И односот беше 1 МКД = 0.028 злато.
Тој курс ги задоволуваше стандардите на играта . Но со пад на вредноста на Денарот се менуваше и однсот на злато/МКД односно кога ја премина границата од 100 МКД = 1 злато , почна да се заработува само со промена на злато за МКД и обратно и тоа доста добро . Основна причина беше што после на курсната разлика злато и МКД требаше да се додаде уште една нула .Односно на разбирлив начин од однос 1 злато = 150 мкд , 1 МКД = 0,0067 а тоа неможеше да се постави на маркетот . И така неможеше да се одреди вистинската вредост на МКД и на другите валути .
Уште поголем проблем настана кога валутите ја преминаа границата од 1000
односно на за 1 злато добиваш 1000 МКД а ако некому се брза за да купи злато мораше оа да го направи за 1200 МКД .
Така да требаше да се додадат уште две 00 на курнаа разлика за да се одрази реалноста на вредноста на Валутите .

Со ова промена токму тоа и го направија , нормално на наша штета . Така што ја оборија ВРЕДНОСТА на Денарот за 20% , односно ако пред промената си имал 1000 МКД сега имаш 1200 МКД . Исто се слуши и со платите и со цените .



Е сега и вториот дел за поедноставувањето при патувањето .
Пред Изменава ако одиш а пример во Србија имаше 2 можности за купување на РСД . Едната беше да смениш злато за РСД ,а другата беше да смениш МКД за РСД . При што и тука имаше можност за заработка затоа што имаше различни понуди на ММ , исто така тоа беше мжност за заработка .
Со оваа промена тоа го нема , значи со самата преселба во СРБИЈА или Бугарија автоматски ти се мењава вредноста на МКД што го имаш односно ако во Македонија си имал 1000 мкд во Србија тие ќе бидат 710 МКД само поради разлика во курсот злато / РСД и злато / МКД . ИЛИ ако од Србија дојдеш во Македонија и си имал 1000 РСД ( ако имаш српско државјанство ) во Македонија ке имаш 1400 РСД . При што сите цени на производи и на ЈБ маркетот ке бидат во валута од Државјанството што го имаш.



И уште една новина која мислам дека е најдобра ќе може да се креваат Востанија низ цел еСВЕТ со МКД , немора да се мачиме да мењаваме валута .

Секогаш верен на традицијата . Ваш



Дедо Мраз™