Благодарност до сите!
Severrus Snape
Добар ден Македонци,
како што гледате, денеска во 11 часот и 15 минути започна одбројувањето за пучот, а битката почна 3 часа подоцна.
Сакам да им се заблагодарам на ГоодБеер за превземање иницијатива за гласовите на конгресмените, и на самите конгресмени за нивниот глас и поддршка, и на сите оние кои оставија коментар на мојата претходна статија.
Посебна благодарност до сите што донираа средства кој колку е во можност.
Само од вашите донации беа собрани вкупно 651.948 денари.
Фуриоус Лејди го надополни остатокот со продадени пакети во вредност од 420.000 денари, за вкупна сума од 1.071.948 денари.
1 милион за диктатурата, останатите 71.948 ќе се префрлат во Банката како пари од трезор, намена за Комбат Ордерс.
Што значи, државата во ова учествуваше со 0 денари, и напротив, заврши со 71.948 денари плус.
Листата на донатори со имиња и сума може да ја погледнете овде, во отворениот документ за евиденција на НБРМ трансакции во папката „Диктатура“ на следниов линк:
https://docs.google.com/spreadsheets/d/1BVy8DKOtUk574wmr35JNLPS3pF65z_gyI63TW3EJefY/edit#gid=171677208
или во коментарот на Фуриоус Лејди од претходната моја статија, каде таа ги пишуваше донациите како што ги добиваше.
Прво нешто што ќе го направи Диктаторот е да пише тикет на Админите за логови од трансакции на НБРМ, да дознаеме и јавно ја откриеме и решиме тајната за тоа каде отидоа парите кои пред 10 дена ги снема од НБРМ кога ДаскалотМКД беше Претседател за 2 дена.
Околу воени акции не можам ништо повеќе да откријам, затоа што плановите сеуште се кројат, а би требало да почнат да се изведуваат наскоро, ќе видите и самите. Ние имаме неколку опции за тоа, и моментално ја разгледуваме која е најдобрата. Предлагам сите да сте максимално спремни! Купувајте барови и тенкови, затоа што цената сигурно ќе им порасне уште повеќе за денот на роденденот.
Сега слободно пукајте за Диктатурата во некоја од 13-те единици кои ја поддржаа, и од утре ќе почнеме повторно со редовни директни напади и востанија.
Можам слободно да кажам дека 10-те дена мрак во политичка еМакедонија конечно завршија, и од утре повторно ќе сме вистински функционална држава, спремна да одговори на секој предизвик.
Останете ми со здравје, и да одиме напред заедно за нови победи на еМакедонија!
о7
Comments
Благодарност до сите!
erepublik.com/en/article/2656293/1/20
Мала забелешка, во документот пишува 30 илјади помалку, затоа што мојата донација ја нема, Лејди заборавила да ја внесе. Јас сам ја додадов таа бројка во целосната сума во статијава, а во документот ќе биде изменето за неколку часа.
o7
o7
o7
o/
o7
o7
o7
o7
o/
се надевам дека ќе биде се како што треба,ви посакувам успех и среќа о/
o/
o7
Поздрав до така наречената опозицијата со песната "Неможе нам нико ништа"
до крај на серверот.
о7
Nego so 5-te milioni na dzantino do kaj sme?
o7
o7
https://www.erepublik.com/en/article/senior-journalist-2-23-25-comments--2656421/1/20