[МНР Македонија] Завршно обраќање

Day 2,845, 12:57 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Добра вечер народе,

пред да започнам, би сакал да се извинам за отсутноста на статиите од МНР, но се надевам сега сфаќате зошто.

Најпрво, кратко инфо за МПП-овите месецов:
- МПП со Црна Гора не беше продолжено од засега непознати причини од нивниот Диктатор, се надеваме на решавање на овој инцидент во најбрз можен рок.
- Обновено е долго време отсутното МПП со Русија
- Обновено е исто така отсутното МПП со Мексико
- Потпишано е ново МПП со Естонија



А сега, огромна чест и задоволство ми е што месецов се постигна договор за ненапаѓање со јужните соседи. А сега ќе ви кажам и зошто:

Во политичкиве игри сум повеќе од година дена, и секогаш сум стоел зад една, единствена цел, а тоа е слободна и силна еМакедонија! А секако и за стопирање на бесмислената војна со грците. Јас бев еден од првите кои рекоаНЕна патетичните Воздушни Напади понудувани од тогашниот сојуз Аурора, и оттогаш почнаа да паѓаат маските и да се местат коцките, каде што сме денес. Кој знае уште каде не би биле и колку непријатели не би направиле ако одевме со тактика Воздушни Напади. Од проблемите не се бега..



Избегав малку офф-топик, се извинувам, ама сиве овие години ми се едно такво испреплетено искуство што едноставно е невозможно едно од друго да изоставиш 🙂
После толку време, последниве неколку месеци почна да ми догорува фитиљот, и на неколку наврати изразив намера да пишувам одјавна статија. Но потоа дојде мандатот на Гамбле, и уште еден мандат на Гамбле, и останав само заради почит до неа, и затоа што ме замоли да и бидам во тим. Гледајки наназад на тоа сега, многу сум и благодарен за тоа. Зошто?

Месецов како и секој пред него, започна со скоро и грубо одбивање на било каков разговор за три-странен НАП кој би не вклучувал и нас.. Маттрим доби категорично не на неговата понуда. Тоа што мене ме заинтересира е што нивен МНР се погоди да биде еден мој стар пријател, The.Clairvoyant. Му пишав, се зазборевме, и ја смиривме ситуацијата. После денови разговори, конечно најдовме некаква средина на која може да направиме копромис, и договор од кој ќе имаат корист сите држави.

Сакам да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на The.Clairvoyant за неговата добра волја и почит спрема мене, и воопшто цел нивен тим, за начинот на кој беа водени овие преговори.

Благодарност до мојот пријател Маттрим, затоа што тој е еден од главните „виновници“ да им покаже на грците што значи инает и тврдоглавост, одлучност и борбеност. Со него почнавме, и со него ете како Министери за Надворешни Работи ја завршуваме оваа војна!
Исто така благодарност до Стоич за стручните совети! Артиомов, Дарман, Морт, нивната МУ РИП, и воошто сите еБугари! Ова е заедничка победа!

Благодарност и до сите наши сојузници кои што беа со нас сиве овие месеци, години, се знае кои се, да не набројувам имиња..

Благодарност до Алис, што ме натера да останам уште некој месец.. еве имало причина..
Благодарност до Александер Македон, најдобриот МзО, а морам да кажам и стратегист во последниве недели. Еден Златен … за него!
Благодарност до иван ск за неговите стручни правни совети околу дефинирањето на поимот „ратификување“ , и затоа што е секогаш тука кога ти треба помош (нели, во пиење Скопско… 😛 )

И благодарност до вас еМакедонци за вашата исклучтелна борбеност и пожртвуваност сиве овие години, и за довербата која ни ја дававте досега, се надевам со овој финален акт е оправдана. Горд сум што една од моите лични цели со кои влегов во политиката, а и целта на сите нас овие години, е исполнета, и конечно можам колку толку да здивнам.. А се надевам и вие 🙂




До следното видување,
Северус Снејп
МНР Македонија