ВИЦОВИ ЗА УБАВ ВИКЕНД

Day 2,824, 11:19 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Млад стоматолог ја убедува својата пациентка дека ќе внимава максимално и дека ќе и го поправи болниот заб без болка. И таман кога започнува, болно се стресува и тивко како да има нешто во грлото, прошепнува:
- Госпоѓо, тоа што го држите се моите јајца!!
- Знам, одговара со нежен глас пациентката - Вака најдобро ќе внимаваме да не си нанесеме болка еден на друг, нели?


* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *


Војникот Трпе и неговата единица имале обука да скокаат со падобран. Летнале со авионот и почнале еден по еден да скокаат, но кога дошло ред на Трпе, ТОЈ се свртел и му рекол на капетанот:
- Капетане, јас не смеам да скокам.
- Зошто?
- Па тетка ми, вчера ми се јави, и ми рече дека сонувала како падобранот нема да ми се отвори.
- Ма, глупости! како можеш да веруваш во такви работи, давај го тука, ќе си ги замениме падобраните.
И така си ги замениле падобраните. Трпе скокнал, ја повлекол рачката и падобранот се отворил. Во тој момент покрај него пролетал капетанот и се слушнало викање:
- Трпееееееееее, да ти ја ебаммммм теткаааа тииииииииииииииииииииииии…


* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *


Плавуша и се јавува на својата мајка и почнува да се жали:
Мамо, овој мој неблагодарен маж пак не сака да јаде леќа!
Ќерко, кажи ми што и ставаше додека ја вареше?
Упс! А треба ли и да се вари?!?!


* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *


Гледа таткото Барселона - Реал, кога во собата втрчува детето и вика:
- Тато, тато, мама ја згази кола!
Таткото не се ни поместува од пред телевизорот и му вика на детето:
- Почни да плачеш, ќе дојдам одма…


* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *


На Трпе му било роденден и Трпана го прашала каков поклон сака, а Трпе и рекол:
- Сакам пушка!
- Не, не, пушка не доаѓа во предвид.
- Ама, стварно сакам пушка.
- Трпе, ти реков, не може пушка! Одбери си нешто друго.
- Ама, јас сепак сакам пушка!
- Значи реков не, не и не! Кој овде одлучува?
- Ти Трпано, ама... кога би имал пушка...