ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ

Day 2,790, 12:25 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Светско првенство во борење.
Во финалето се Македонец и Јапонец.
Пред борбата тренерот му вели на Македонецот:
– Слушај Ване. Досега ти идеше добро,ама овој Јапонец е многу силен и многу вешт.
Има еден специјален зафат. Ако ти го направи, готово е со тебе.
– Нема Проблем тренеру. Ќе внимавам, мислам дека ќе се справам некако со него.
Почнува борбата. Двајцата излегуваат на душекот. По 1 минута Јапонецот му го направил специјалниот зафат на Македонецот.
Тренерот, кога го видел тоа, се разочарал. Си ја зел крпата и ја напуштил салата. Отишол во својата соба, да се начука од мака.
По кратко време гледа на телевизорот во собата дека Македонецот се радува, сите го поздравуваат. Станал светски шампион.
Тренерот за малку што не ја плукнал ракијата од изнеенадување. Трчајќи се вратил во салата. И навистина. Македонецот станал шампион.
По радоста, честитките и доделувањето на медалите, тренерот останал насамо со Македонецот и со љубопитност го прашал:
– Што се случи бе, Ване? Не можам да им поверувам на очите! Како го победи Јапонецот?
– Па види сега тренеру… Како да ти објаснам? И јас мислев дека се е загубено, кога Јапончето ме фати со својот специјален зафат.
Ме свитка како осмица, не можев да мрднам. Се мачев, стенкав и одеднаш гледам, пред моите очи се нишаат јајца.
Без размислување ги гризнав со сета сила.
– О-О-о, Ване! – Навредено извикал тренерот. – Тоа е неспортски. Тоа не е фер плеј. Си победил нечесно.
– Не, не, тренеру, не беше така! – Рекол Ване. – Не разбираш.
Едноставно тренеру, не можеш да замислиш, на што е способен човек, кога ќе си ги гризне сопствените јајца.