СОЛЗИ И СМЕА

Day 2,698, 22:53 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Неколку работи што децата ги учат сами:

– Кога мајка ти е лута на татко ти, не и давај да те чешла.
– Ако те удри сестра ти/брат ти, не ја/го удирај и ти. Секогаш вториот го јаде стапот.
– Не кивај додека те шишаат.
– Не го оставај кучето да ти ја чува храната.


* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *

- Тато, ти се колнам немам дувано ништо!!
- Не е татко ти бе торко, тоа сум јас Џеки твоето куче...


* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *

- Што е тоа невидливо во воздухот што не прави среќни?
– Љубовта?
– Не, бесплатен Wi-Fi.


* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *


Една жена и се жали на пријателката:
– Мажот ми е одвратен! Нон-стоп зборува за неговата мајка – мама ова, мама она, мама така готви, на мама она и се допаѓа…
– Треба да го потсетиш дека и ти си жена, па да ти обрне повеќе внимание. Облечи нешто секси и изненади го.
Вечерта мажот се враќа дома, а жена му го чека во црна чипкана долна облека, црна проѕирна наметка и црни ракавици. Мажот извикува:
– Оф леле! Целата си во црно! Да не и се случило нешто на мама?


* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *


Плавуша невеста и ѕвони на мајка си:
– Мамо, на овој мојот пак не му се допадна гравот што му го зготвив, не знам каде згрешив, ај повтори ми го рецептот.
– Измиј го гравот и стави го да се вари…
– Аааа! Да се вариии…


* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *


Се вратил малиот Рамче од училиште со единица и татко му веднаш почнал да го тепа.
– Зошто ме тепаш, бе тате! И Александар има единици и Арбен исто така, но нивните татковци не ги тепаат!
– Ти не ги гледај нив, сине! Арбен кога ќе порасне ќе замине за Швајцарија, Александар за Америка или Западна Европа. И кога ќе останеме само ние ромите во Македонија, кој ќе не управува, кој?! Затоа треба да учиш!


следува продолжение ....