Второ Претседателско Обраќање [Северус]

Day 2,682, 14:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Поздрав Македонци,

Најпрво прифатете мое извинување што некое време се немам обратено до вас, но затоа оваа ќе биде пообемна. Ве замолувам да читате до крај, дека има многу важни работи.



Па, да започнеме хронологично.. Сигурно сите веќе го видовте ова ново МПП, и се надевам сте задоволни со тоа.

Македонскиот закон
Унгарскиот закон

На ова МПП работевме половина година и повеќе можеби, уште кога бев Министер за Надворешни Работи во неколку влади. Огромна чест ми е да ви кажам дека сета таа работа се исплати, и дека јас ја имав честа ете во мој мандат, ова МПП и да се оствари. Секако, сето ова не би било можно без моите одлични врски во Унгарија Александер Македон и Алис, и иван.ск со кои безрезервно работевме на подобрување, и ете официјализирање на односите помеѓу нашите земји. Ако не се лажам, ова е едно од ретките НОВИ МППа кои сме ги имале во последно време, а за многумина наши противници верувам е и едно големо изненадување.

Пред било што да се превземе во врска со неговото официјализирање, контактирани беа сите наши пријатели, им беше објаснета ситуацијата, и што е најважно, сите останаа заедно со нас и нашата одлука. Веднаш после нас, исто така и добро познатиот пријател на Унгарија, а наши браќа, Индонезија потпишаа МПП со Унгарија.
Се надевам ова старо-ново пријателство ќе продолжи и во наредните мандати, а за таа цел веднаш ангажирав и наш амбасадор таму, а тоа би бил кој не, ако не Алис. Таа веќе има одлични познавања со Унгарското е-општество а воедно и нивниот јазик, за која цел беше и објавена нејзината статија за Унгарско-Македонското пријателство.

Kedves eMagyarország [Aliss]

Да живее Унгарија!
Да живее Македонија!




Следно што презедовме, а и што ви беше презентирано преку МНР весникот е договор помеѓу Македонија, Чиле, Бугарија и Индонезија за взаемна помош и заштита од новата промена која ја воведоа Админите, а тоа е Диктаторството. Четирите земји се согласија на безрезервна взаемна помош во случај на насилен и неодобрен од Владата, обид за превземање на истата држава.

Ваков договор предложив и на Унгарија, за која сеуште чекам одговор, и за жал не можам да дадам никакви информации сега за сега.

Ова е уште еден чекор кон поблиска соработка и зближување на овие земји, и се надевам е уште еден доказ за нашата единственост.



Имајќи ја предвид општата неактивност на еМакедонското општество на ИРЦ каналите, традиционално секогаш кога има наши востанија има и удар на Армискиот канал #emkd-army на ИРЦ, за заеднички удар. Досега, одзивот беше незадоволителен, затоа синоќешниот удар одлучив да биде поразличен.
Наместо нормалната поделба (10фф = 1 тенк), синоќа делевме 50% повеќе оружја на оние кои дојдоа на ударот. Можеби среќен и пријатно изненаден од одзивот (46 луѓе на канал), делев можеби и повеќе од 50% повеќе оружја на нашите војници, и воопшто не ми е жал.
Благодарност и до Персеј Македонски кој своеволно и доброволно делеше дополнителни оружја на сите оние кои побараа.

На наша среќа или несреќа пак, воочив дека активност ако се сака, може да се има, додека има нешто бонус од тоа 😉

Како и да е, се надевам сите се забавувавте на синоќешниот удар, и во иднина, колку што би ни дозволиле средствата, би продолжиле со зголемените поделби.

Сакам само да прашам, дали има заинтересираност овој удар да земе замав секоја вечер, за заедничко дружење и споделување идеи, со или без поделби без разлика, а кога има наше востание секогаш би имало поделба. Пишете во коментар.






Со почит,
Претседател на еМакедонија
Северус Снејп







За шаут:

Второ Претседателско Обраќање [Северус]
http://tinyurl.com/o6a32ub