Диктатура да му го .... [МЗИ]

Day 2,653, 09:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Дрн дрн дрн
- Плато, одамна



ВОВЕД

Сте сакале ли да ги соборите претседателот, владата и конгресот? Да го игнорирате уставот и да ја поробите цела нација? Вие да одлучувате за се?

Е сега е возможно тоа, затоа ЗОКИ ВРАЌАЈ СЕ ТВОЕТО ВРЕМЕ ДОЈДЕ!!!

Со помош на воен државен удар, има можност да станете диктатор и да запишете ново подглавје во историјата на вашата е-земја.

На ерепот, диктаторите доаѓаат од воените единици. Само докажан воен лидер има доволно моќ да владее со цела нација. Потребна е поддршка, и останатите единици имаат тешка одлука: дали да ја поддржат сегашната влада, или да му веруваат на диктаторот.

Се што ќе биде објаснето ќе стане достапно на денот 2.654.

ПРИПРЕМИ ЗА ДРЖАВЕН УДАР

Командирот на единицата може да предложи државен удар во државата каде што единицата е лоцирана. Следните услови треба да бидат исполнети за да започне државен удар:

1. 200.000 денари на сметката на единицата
2. Државата мора да има барем еден регион
3. Моменталниот главен град да не е нападнат
4. Државата нема диктатор
5. Немало успешна револуција во последните 10 дена

Ако овие услови се исполнат, 200.000 денари од единицата се земаат и почнува период на поддршка. Тој период трае 3 часа и дава можност на другите единици во државата да го поддржат државниот удар. Одлуката паѓа на командирите. Акцијата за поддржување не се плаќа. Ако единицата не го поддржи државниот удар, автоматски ќе биде поставена да се бори за моменталната влада.

КАМПАЊАТА НА ДРЖАВНИОТ УДАР

После 3 часовниот период за поддршка, започнува државниот удар во главниот град на државата. Ќе има две страни:

- Страна која напаѓа: Поддржувачите на државниот удар (сите членови на единицата која ќе ја поддрши кампањата во рок од 3 часа)
- Страна која се брани: Оние кои стојат на страна на владата (играчите со државјанство на државата, и членовите на единиците кои не го поддржуваат државниот удар во 3 часовниот период)

За да се борите во оваа кампања, играчите треба да бидат преселени во главниот град на државата и да завземат една од страните искажани погоре. Промена на локација, државјанство или единица може да се изврши во периодот на кампањата. Значи, играчите се слободни да влегуваат и излегуваат од единици како што сакаат, дури и да го променат државјанството, за да се борат на страната која ја сакаат.

Овие кампањи траат како сите останати: 94 се потребни за да се победи. Разликата е во тоа што, неможе секој да се бори во кампањата.

Ако државниот удар не успее, претседателот и конгресот продолжуваат со нормални активности. Ако државниот удар е успешен, работите значително се менуваат.

ДИКТАТОРСКИ ЖИВОТ

Диктаторите имаат голема моќ во државата. Можат самостојно да изгласаат закон. Единствено 2 закони неможе да ги изгласаат: закон за менување порака за новите играчи и закон за импич на претседателот.

Диктаторите може да иницираат каков и да сакаат закон и тој/таа ќе биде единствен кој може да ги гласа. Останува потребното време од 24 часа за изгласување на закон. Овие 24 часа остануваат за да одржуваат рамнотежа во играта и да спречат кршење на механизмите на играта како МПП законите.
Додека претседалот и конгресмените официјално не ја изгубат позицијата, тие се немоќни се додека диктаторот владее со земјата. Конгресмените и претседателот неможе да предлагаат и гласаат закони или да даваат државјанство. Претседателите ја губат целосната контрола над војните. Значи, нивната позиција на претседател е конгресмените е небитна.

Новите избори се одржуваат нормално, но нема да се добива голд за станување конгресмен или претседател.

ДРЖАВЈАНСТВА

Диктаторот добива екстра 50% за прифаќање на државјанства повеќе од конгресмените.

На пример, Бугарскиот конгрес има на расплагање 50 државјанства. На 10ти се потрошиле 40. Диктаторот добива власт на 11ти и има можност за давање на 25 државјанства, што е 50% од оригиналниот број. Ако диктаторот е соборен откако искористил 23 државјанства, конгресот сеуште ќе може да даде 10. Новиот диктатор ако дојде на власт во истиот конгресменски мандат, може да додели само 2 државјанства, поради тоа што претходниот диктатор потрошил 23 од вкупните 25 државјанства.

ОРГАНИЗАЦИИ

Нормално, претседателите ги имаат сите национални организации. Претседателите може да побараат менување на маил на организациите со праќање на тикет. Поради тоа што претседателот е немоќен додека диктаторот е на власт, ова значи дека диктаторот ќе може да ги има во свој посед. Кога ќе дојде на власт, може да побара преку тикет промена на маил од организациите.

Имајте на ум дека организациите добиени на единиците за време на турнирот на единици ќе продлжи да биде во сопственост на единицата, и како претседателите, диктаторите неможе да ги поседуваат.

ПОДГОТОВКИ ЗА РЕВОЛУЦИЈА

Револуциите се кампањи против диктаторите и нивните поддржувачи. Може да бидат започнати од командирите на единиците. Единицата треба да е лоцирана каде што е диктаторот на власт. Ова се условите кои се потребни за почеток на револуција:

1. 200.000 денари на сметка на единицата
2. Државата има барем еден регион
3. Главниот град не е нападнат
4. Диктаторот е на власт минимум 3 дена
5. Немало претходно револуција во 3 дена

Како со државниот удар, ако сите услови се исполнети, почнува период за поддршка. Овој период трае 3 часа и дава можност другите единици да застанат на страна на револуцијата. Одлуката ја донесуваат командирите. Акцијата за поддршка не се плаќа. Ако единицата не ја поддрже револуцијата, автоматски ќе се бори за диктаторот, против револуцијата.

КАМПАЊАТА НА РЕВОЛУЦИЈАТА

После 3 часовниот период, револуцијата започнува во главниот град на државата. Ќе има две страни:

- Страна која напаѓа: Оние кои ќе застанат на страна на револуцијата (играчи со државјанство на државата и сите членови на единиците кои ја поддржуваат револуцијата)
- Страна која се брани: Оние кои стојат до диктаторот ( членови на единиците кои не ја поддржуваат револуцијата)

За да се борите за револуцијата, играчите треба да бидат во главниот град. Промена на локација, државјанство или единица може да се изврши во периодот на кампањата. Значи, играчите се слободни да влегуваат и излегуваат од единици како што сакаат, дури и да го променат државјанството, за да се борат на страната која ја сакаат.

Овие кампањи траат како сите останати: 94 се потребни за да се победи. Разликата е во тоа што, неможе секој да се бори во кампањата.

Ако страната која напаѓа победи, револуцијата е успешна. Ова значи дека диктаторот е соборен, а претседателот и конгресот си ја добиваат назад моќта. Ако страната која се брани победи, диктаторот останува на власт. Следна револуција може да започне после 3 дена.

НОВИ МЕДАЛИ И ДЕКОРАЦИИ

Следните медали и декорации може да се добијат:
1. Медал за вистински диктатор – 50 голд – го добива диктаторот кој останал 30 дена на власт
2. Медал за привремен диктатор – 5 голд – го добива диктаторот кој останал 10 дена на власт
3. Медал за ослободител – 10 голд – го добива иницијаторот на револуција
4. Прва диктаторска декорација – ја добива првиот играч кој ќе добие медал вистински диктатор
5. Мал диктатор – ја добиваат првите 10 играчи кои добиваат медал за привремен диктатор
6. Бранител на демократијата – ја добиваат првите 10 играчи кои го добиваат медалот за ослободители

ВАЖНИ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМАТ ВО ПРЕДВИД

- Кога диктаторот добива моќ во државата, неготово државјанство се менува според тоа каде е диктатор
- Додека е на власт, избори ќе се одржуваат нормално. Но, ново одбраните претседатели и конгресмени нема да имаат никаква моќ додека не се победи во револуција. Кога ќе се изберат, нема да добијат голд за нивниот медал
- Борејќи се во државен удар или револуција ќе добивате 10% повеќе ранг поени
- Борејќи се во државен удар или револуција нема да се бројат за медалите True Patriot, Mercenary и Freedom Fighter
- Ако диктаторот назначи друг играч за командир на единицата, диктаторскиот статус ќе му се пренесе на новиот командир
- Диктаторот може да се кандидира и да се изгласа на сите избори
- Диктаторот неможе да започне револуција
- Ако претседателот на државата Х успее да изврши државен удар на држава Y, тој ќе стане диктатор на таа држава и ќе го изгуби претседателското место во државата Х
- Ако конгресмен изврши државен удар во сопствената држава тој ќе продолжи со конгресменската работа
- Ако конгресмен од државата Х изврши државен удар во друга држава, тој ќе ја изгуби позицијата во конгресот

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И МОЖНИ ПРОМЕНИ

Во план е додавање на диктаторство во следните неколку недели. Можни се измени, затоа вашите мислења се битни. Ако сакате да ги споделите идеите со нас посетете го форумот.

Министер за Информирање

akconel