Борба за ресурси [МЗИ]

Day 2,621, 11:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje




Сликата погоре беше мистерија кога беше поставена пред неколку дена на сајтот на ереп на фејзбук.

Денеска сите шпекулации и мислења околу начинот на кој ќе биде оваа промена во игра, админите јавно ги објавија.

Малце е смешен насловот Борба за Ресурси ако го земеме фактот што има неколку земји на ереп кои констатно си гледаат ресурсите и ништо друго али ај нека биде така.

Несакам да одолговлекувам па затоа ќе започнам со објаснување.





ВОВЕД

Можеби сте знаеле, но админите побараа јавно мислење од играчите на нивниот форум во Декември месец. Според предлозите на играчите, најдобрата работа со која ќе се спречи одредени држави да уживаат во ретките ресурси е токму оваа промена.

На овој турнир државите ќе имаат можност да освојат ресурси за нивните оригинални региони. Ресурсите ќе бидат достапни според воените и дипломатските можности на државата.

Секоја држава ќе биде во можност да избере и постави приоритетни ресурси за секој свој оригинален регион. Одговорноста на изборот паѓа на грбот исклучиво на претседателот.

Бирањето не е доволно, поради тоа што државата треба да го освои одбраниот ресурс. Бројот на ресурси е лимитиран (листата може да ја најдете подолу), затоа стратегијата и точното планирање ќе бидат клучни за успех во иднина.





БИРАЊЕ НА РЕСУРСИ

Почнувајќи веднаш, и додека трае овој турнир, државите ќе бидат во можност да ги одберат ресурсите кои сакаат да ги имаат во своите оригинални региони (со исклучок на нивниот главен град). Претседателите ќе ги организираат ресурсите според листа на приоритет, односно тој што го посакуваат најповеќе ќе биде прв на листата. Бирањето ќе биде достапно само за претседателот во посебна страна наречена My Country Menu. Оваа страна ќе може секој да ја види. Додека претседателот е во процес на бирање, логично е да се бара дискусија и внимателно бирање на ресурсите со владата, конгресот и сојузниците на државата.
Сите главни градови на сите држави ќе имаат ресурс за храна (риба) кој неможе да се промени.

Претседателот ќе може да ги промени листите кога ќе посака додека трае турнирот. Ресурсите кои ќе се освојат со Resource Tokens неможе подоцна да се менуваат.

Кога државата ќе го добие првиот Resource Token (повеќе за ова подолу), ќе биде впишан на првиот регион кој е одбран од Претседателот. Првиот ресурс кој е одбран од Претседателот ќе биде добиен. Ако се изгуби ресурсот, вториот ресурс на листата ќе биде одбран и така натака.



Еве како ќе изгледа делот каде што Претседателот ќе треба да бира. Во примерот, 2 Resource Tokens се употребени од Португалските региони Azores и Algarve. Следниот регион на листата е Lisboa и првиот приоритет за ресурс е поставен жито.





КАКО ДРЖАВАТА ОСВОЈУВА РЕСУРСИ?

На кратко, има 3 начини:

1. Државата освојува Resource Token од војна и се користи за регион кој е на приоритетна листа од Претседателот
2. Државата добива донација на Resource Token од некоја друга држава која има нови ресурси на сите нејзини региони
3. Државите трошат поени за да освојат Resource Token на аукција на крајот на турнирот

Последниот начин за да се добијат ресурси по завршување на турнирот, е аукцијата. Коа сите Resource Tokens и поени ќе бидат пратени, ресурсите ќе бидат додадени на регионите. Државите со најмала моќ ќе добијат можност да бираат први, и ова ќе се брои се додека секој регион добие свој ресурс.

Бројот на региони и ресурси не се менува, што значи дека нема да остане регион без ресурс.





RESOURCE TOKENS

Resource Tokens се користат за добивање на ресурс за еден од оригиналните региони на државата. Кога државата ќе добие Resource Token, афтоматски се употребува на првиот регион кој е на листата составена од Претседателот. Ако ресурсите бидат распределени на сите региони, Претседателот ќе има можност да донира Resource Token на друга држава.

Resource Tokens се добиваат со победа во војна во директна битка на две држави. Одбраната на востание нема да дава Resource Tokens, но ослободување на регион кој бил под окупација дава еден Resource Token на државата која го ослободила регионот. Воздушните напади се бројат како нормални војни и победникот ќе добие Resource Token.





ПРИМЕР:

1. Франција ослободува кој е под окупација од Србија во востание. Франција добива 1 Resource Token.
2. Франција не успева да го ослободи регионот од Србија. Ниедна страна не добива Resource Token.
3. Бугарија ја напаѓа Унгарија и губи во војната со 80-96. Унгарија добива Resource Token, поради тоа што ја добиле војната.

Resource Tokens се употребуваат афтоматски во моментот кога ќе се добијат според листата од Претседателот. Исклучок е кога државата има ресурси во сите региони. Тогаш, Resource Tokens се добиваа и подоцна може да се донираат на некоја држава од Претседателот. Кога Resource Token е дониран на некоја држава, веднаш ќе се искористи според листата од Претседалот на чија држава се праќа.





ПОЕНИ

Поени се добиваат кога едната страна ја губи директната војна, или успешно го брани востанието. 1 поен во војната е еднаков на 1 поен за турниров. Војната завршува кога една држава ќе достигне 94 поени.

Поените може да се искористат на крајот на турнирот преку аукција.
Овие поени неможе да се префрлаат на друга држава.





АУКЦИЈА

Аукција се добива кога ќе заврши турнирот, значи повеќе информации ќе има подоцна. Засега ќе биде само основно објаснето:

Кога ќе заврши турнирот, државите кои не добиле доволно Resource Tokens за да ја исполнат листата за нивните оригинални региони може да потрошат поени за ресурси. Ако две држави се наддаваат со ист број на поени, победник ќе биде државата со помала моќ.

Аукцијата е завршена за сите региони, не само за одреден ресурс. На пример, УСА нуди 50 поени за Alaska, 25 за Texas и 25 South Carolina. Ако помала држава со помала моќ исто така понуди 25 поени на некој регион, ќе го добијат ресурсот пред УСА.





РАСПОРЕД

Ден 2.621 07:00 ереп време – Државите може да почнат да ги спремаат листите.
Ден 2.625 00:00 ереп време- Турнирот започнува и битките стартувајќи со новиот ден ќе добиваат Resource Tokens или поени.
Ден 2.638 23:59 ереп време – Турнирот завршува. Војните кои ќе завршат после овој момент нема да се бројат за Resource Tokens или поени.
Ден 26.39 00:00 ереп време – Аукцијата започнува и ќе трае 2 дена.
Ден 2.640 23:59 ереп време – Аукцијата завршува.
Ден 2.640 – Ресурсите се додаваат на регионите.
Ден 2.642 – Денот кога ресурсите ќе бидат додадени

Имајте на ум дека распоредот, особено за крајот, може да биде променет. Ќе следуваат нови информации.





ЛИСТА НА РЕСУРСИ

Бројот на ресурси ќе остане ист. Во продолжение листата на индустрии и број на ресурси кои се достапни:

Храна
- Елени, 29
- Жито, 53
- Добиток, 67
- Овошје, 80
- Риба, 84 (од овие 74 ќе одат за оригиналните региони, значи останатите 10 може да бидат освоени за време на турнирот)

Оружје
- Гума, 17
- Шалитра, 25
- Нафта, 30
- Алуминиум, 39
- Железо, 53

Куќи
- Гранит, 7
- Варовник, 14
- Глина, 21
- Дрво, 23
- Песок, 32





Прашања и одговори

Q: Сите региони на мојата држава се окупирани. Дали мојот Претседател ќе може да направи листа со ресурси?
A: Да. Сите ресурси се одбрани од Претседалот, без разлика дали има државата територии или не.

Q: Ако Претседателот не одбере ресурси, што ќе се случи?
A: Во овој случај, листата ќе се направи по случаен избор.

Q: Мојата држава ги има сите ресурси, и има екстра Resource Tokens. Но, се чувстуваме себични и не сакаме никому да помогнеме. Дали мораме да ги донираме?
A: Не, државата не е принудена да донира.

За прашања, коментари, посетете го Форумот.

Министер за Информирање

akconel