[ ДЕБАТА ] Дали повеќе ги бркаме отколку што ги зачувуваме еБебињата?

Day 2,609, 09:26 Published in North Macedonia Greece by Alexander First of Macedonia



издание бр.10



ДЕБАТА

На еРепублик со време, се помалку и помалку еБебиња се регистрираат, останатите се скоро пред пензија, а бебулињата што остануваат, остануваат за нецела недела кога им се здосадува. Па до што е проблемот? Кај нас, во механизмите на играта, или?!



Секој ден во Сосајети сервисот во нашата држава имаме се помалку нови играчи регистрирани денеска. Иако е точно дека нов играч регистриран денеска нема да има големи шанси за во иднина на било кој модул (Воен, политички, новинарски итн.) сепак, новите играчи се од витално значење.

Искрено мислам дека како главен проблем е што ние самите ги „пуштаме низ вода“ играчите. Многу е зачестена појавата кога уште на играч од првите левели го праќаме веднаш на оној таканаречен дво-клик мод, што е нормално кога единствена раота треба да му биде да клика два пати на ден исти работи без да знае што е играта, си помислува дека суштината на играта е тоа, и ја напушта. Така да мислам дека пред да ги тераме на дво клик мод прво да ги запознеме со играта, првите пари нека ги вложат во некој рудник или плантажа, нека не биде суштината само да војуваат и тренираат/работаат.




Еве една пресметка која ја цитирам од една српска новина :

„А сега да објаснам зошто не го уништив налогот, чиста пресметка :
Од мојот левел 27 до 35от левел потребно е да се преминат 40 илјади ЕХР бодови, а за мојот двоклик мод кој е составен од работа и тренинг се трошат 13 бодови секој ден, што доведува до следната пресметка :

400/ 13 = 3076

Што значи дека можам да тренирам 3076 дена пред да го достигнам 35от левел, а тоа изнесува, колку сила?

3076 х 90 = 276,840 сила
Плус бонус од 9 сила секој пет дена тоа е :
(3076 / 5) х 9 = 5,536
Што доведува до следниот збир :
276,840 + 5,536 = 282,376 сила

Па да ли е 282, 376 сила малку за да се прејде во втората дивизија? Така да никој од е-бебињата нема да има трпение да чека тоолку многу.“

Па искрено мислам дека пред да ги пратиме во двоклик мод најреално е тие самите да ја запознаат играта. Секакви кампањи добредојдени од претседалот на партијата со кој ќе повикува млади играчи, да им се даваат активности во партијата. Во воената единица додека не достигнат добра сила да пукаат само за дејли ордер како што правев јас. Во сите модули да бидат активни. Да се симулира нивниот приход и дел да оди за отворање на медиум со кој ќе пишуваат нешто. И така многу изгубија желба кога мислат дека медиумот се отвара само за 25 коментари. Со добро размислување може да се кројат и светските политики, иако има време, мора да се почне барем од партијата. Затоа што стварно на новите играчи целата работа им е тренинг, работа, 25 коментари и утре ги нема, им здосадило. Различни едукации за тоа што можат да прават во играта уште кога ќе дојдат. На пример, кога прв пат влегов во играва на минатиот акаунт истото ми се здосади, но од други причини.. А тогаш вриеше од статии за новите играчи, најразлични едукации.

Еве пример од мојот акаунт :


Нема ништо значајно, нормално 1 месец игра. Неколку медали, ероденден пред 1 месец. Но сепак, мораше од некаде да се почне. Партиски се активирав, па стигнав до конгрес. Апгрејдирав теретаната бесплатна, со што добивам по 10 сила. Пукам само за дејли ордер. Како циганче се пријавувам за секоја поделба на храна. Но она што прво го направив е купив своја фабрика за оружје со парите од левелите и плантација за гума. Со што не зависам со оружјата. Но ако некој дели, нек дели и мени 🙂



Статијава е направена за дебата, ако ви се допаѓа ставете воут, коментар, па и некој денар, хехе.