Нова Година во Канада [МЗИ]

Day 2,579, 06:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Добар ви ден Македонци.

Во претходните неколку денови имавме интересна игра и ангажираност после долгомесечното дремење под Грција, конечно и ние малце да имаме простор да ја играме играва како што прочем заслужуваме.

Оваа статија ќе биде во целост наменета околу проблемот што настана со нашето слетување во Англија и преговорите со Канада. Како што веќе знаете ние преку воздушен напад удривме на Канада во Англиските оригинални територии, акција што се покажа успешна. После тоа следуваа проблемите. Откако ги истеравме од Англија го нападнавме регионот Newfoundland and Labrador каде што без некои големи проблеми успеавме да ја добиеме таа битка.

После оваа битка пуштивме НЕ над Кина се со цел да и помогнеме на Ирска да ја тргне Кина од нејзината територија, впрочем уште една успешна акција. Е тука почнуват проблемите.

Имено, Канадскиот ЦП кога го освоивме гореспоменатиот регион НИ ДАДЕ ВЕТУВАЊЕ дека нема да ни прават проблеми и нема да пукаат во нашите битки. НО ова беше демантирано од нивна страна следното утро.

На прашањето зошто пукаат против нас во востанието ова беше одговорот:



Во востанието кое го имаше МКД против АНГ нивниот ЦП тенкаше како луд, притоа бранејќи се дека ,,пукал само фф’’.

Ни беше понудено сума од 25.000 денари да плаќаме рента во текот на еден месец и тоа само за еден регион Newfoundland And Labrador. Ова беше одбиено од наша страна зошто немаше никаква гаранција од нивниот ЦП дека ќе го задржиме регионот.

Еве го тој разговор:


Да биде иронијата поголема иако беа запознаени со механизните на играва (мораше да нападнеме некој регион) го одбравме регионот Nunavut каде поставуваа пари за да победат во таа битка иако нивниот ЦП беше запознаен дека мора да нападнеме и дека откако ќе ја завршиме операцијата со Кина ќе правиме НАП.



Еве доказ за поставените пари.



Еве доказ дека беа запознаени за нашите акции.

Сите знаеме каков БУГ се случи во таа битка за регионот Nunavut но за среќа админите интервенираа и тој регион е во наша сопственост.



Ни дадоа подоцна рок да одговориме дали ќе ја прифатиме рентата или не.





Нашиот ЦП поради РЛ причини не беше во можност да даде одговор на тоа прашање во дадениот рок од неколку часа зошто беше отсутен, добивме ваква порака слична на таа погоре:



Значи нема никаков НАП, нема никакво пуштање региони, ЌЕ ГИ ГАЗИМЕ зошто така самите си сакаа, се пропадна во вода.

Додека оваа влада го има мандатот нема да има никаков простор ни обиди за евентуални преговори со Канада зошто ни играа зад грб. Од една страна сакаат НАП од друга страна пукаат против нас кај стигнат и редат пари за КО иако знаеа за се што се случува и за нашите планови. Тоа е недопустливо и ќе биде казнето.

Спремајте се за славање на Нова Година во Канада.

Министер за Информирање

akconel

Помошник Министер

Toni Lj Cvetkoski1