Пекингшка патка [МЗИ]

Day 2,578, 11:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Еве ме повторно со известување за досегашните случувања.

Во претходната статија беше наведено дека ви приредуваме едно пријатно изненадување. Ние досега сите планови кои ги замисливме ги остваривме. Изненадувањето се состоеше во тоа дека сите очекуваа да ја окупираме Канада, но ние се решивме да ја искористиме можноста и да помогнеме на еден голем сојузник на Македонија, а тоа е Ирска.

Во координација со нашите соработници како и со Ирците и Англичаните се решивме да и помогнеме на Ирска да ја тргне Кина од делот кој не и припаѓа. Како што знаете операцијата успешно тече, и ако се оди според планот овој викенд ќе ја завршиме операцијата наречена Пекингшка патка.

Деновиве се преговараше за потпишување еден вид на привремен НАП со Канада. Преговорите одеа во позитивна насока се до ова утро кога нивниот претседател и Канадски единици тенкаа милиони против нас и поставуваа пари за да победат во битките.



Од нивна страна ни беше ветено дека нема да ни прават проблеми, но сабајлево тоа си го демантираа самите во битките за регионите South West of England и Nunavut.
Покрај овој конфликт сликите кои се наведени подолу ставија официјален крај на нашите напори за привремен/перманентен НАП со Канада кој пропаднат поради фактот што се случи еден огромен БУГ и нашата кампања за регионот.





Како ќе се движиме понатаму сеуште немаме прецизирано. Имаме неколку планови на ум кои ќе се обидеме да ги реализираме. Единствено можам да ви ветам дека ќе биде во склоп на интересите на Македонија пред се оние од забавниот карактер. Едно е сигурно, ќе се стави поголем акцент и приоритет на нашите востанија против Грција нема да ги оставиме на раат.

Засега толку од мене. За повеќе информации чекајте го нашето следно известување.

Министер за Информирање

akconel

Помошник Министер

Toni Lj Cvetkoski1