Еднооки: „Еболата тропна на вратите на РМ“

Day 2,526, 13:13 Published in Chile North Macedonia by Taso Legenda


Бактеријата „ебола" се шири со неверојатна брзина распространувајќи се насекаде низ светот. Лекарите посочуваат дека лилјаците и антилопите се природните носители на вирусот, но предупредуваат дека секој кој ќе биде заразен е потенцијален пренесувач на вирусот.



Македонија не изостана од нападите на оваа бактерија. Еминентните лекари од клиниката на „Параходот“ пратија известување дека бактеријата е забележана и на територијатна РМ. Според „Доктори без граници“, станува збор за една од најсмртоносните болести во светот, бидејќи веројатноста за смртност изнесува цели 90 отсто.

Ситуацијата е алармантна. Паника и страв има во изобилство. Повеќе информации за ширењето на вирусот можете да добиете во новата епизода на „Еднооки“, каде еминентните лекари од „Параходот“ Ви ги претставуваат причините и последиците од вирусот „ебола“, односно „сељачки грип“ како што го нарекуваат експертите од македонското поднебје.

Отворете го сајтот Параходот, oдвојте 14 минути да ја изгледате новата епизода на „Еднооки“ и дознајте ги сите потребни информации поврзани со смртоносниот грип, бидете чекор понапред од останатите.

Промото за новата епизода можете да го погледнете на http://www.parahodot.mk/#!ЕДНООКИ-Епизода-6/c1xei/9DE5098B-B65D-49FB-82B9-8C674506C532 . На овој сајт (www.parahodot.mk) можете да ги пронајдете и сите останати новости поврзани со серијалот „Еднооки“.





За шаут,

Ебола во Р. Македонија
http://www.erepublik.com/en/article/-1344-2459062/1/20
Викај на даље