Си беше еднаш еден град - Таша.МКД

Day 2,524, 04:17 Published in Turkey Nigeria by Princess of Nigeria

Си беше еднаш еден град,

за некого дом, за некого гад.

Имаше многу насмеани фаци,

некои од Корчагин, некои од Рацин.

Имаше и љубов во девојките,

насекаде, парковите,клупите, постројките.

Машките беа фини,

гледаа во очи, а не во мини.

Одевме на кафе,

да си кажеме што ни тежи,

не се олеснувавме со статуси по социјалните мрежи.

Сакам да кажам дека не бевме дебили,

да се замараме со заеднички профили.

Дури и си праќавме пораки за добра ноќ,

да да, Скопје имаше друга моќ.

Порано не бевме ни прости,

такви не направија оние што ни дојдоа на гости.

Можевме да видиме по паркчињата на некоја клупа младич што душа и вади,

сега на тие места има згради.

Стварно беше многу фино,

знаевме и рака да пуштиме на сред филм во кино,

пиевме што било,

не чекавме на меѓуградска мама да ни прати од домашното вино.

Порано да облечат танга им беше срам,

денес затоа имаат Инстаграм.

Излегувавме за забава, дружба и провод фин,

а не за еден мизерен чек-ин.

Некогаш имавме и по 100че во џеб,

па пак сме здрави и живи,

за станче и Ауди не продававме ниви.

Имавме Вулкан, Фабрик, Колосеум,

девојките ги испраќавме во 2, а не во 7.

На плоштадот не собираше сите и сите бевме исти,

денес пола се луѓе, пола се бисти.

Ако неможевме да ја најдеме,

ја чекавме 'на Фреш',

денес се по сепариња, направени 'леш'.

Скопје ќе продолжи да дише,

некому Париз, некому клише.