Број - 13 Време е да разјасниме!!!

Day 1,242, 16:14 Published in North Macedonia North Macedonia by mymedmind

Саатот е 00:42am 16.04.2011. Штотуку почна втората битка од востанието за Calabria. Во коментари ќе се изначитате сешто. Речиси и да нема никој кој е на страна на претседателот освен Phantom MKD. Секоја чест за дечкото да го ставеа одговорен за односи со јавност немаше до овде да ја дотуркаат, но бидна. Претседателот наш како вообичаено никаде го нема. Незнам како ѓи бира моментите ама секогаш кога е најпотребно го нема. Како и да е...

Зборот ми беше...ааа да. Зарем сега пак народот плука, зарем пак е некој заговор против тебе и зарем не е време да ни се извиниш на сите. Да ни се извиниш првин затоа што не обвинуваше дека неосновано те напаѓаме, а потоа и затоа што наместо да одиме во нови успеси, успеа да не вратиш назад. Незнам дали приметуваш дека се помалку луѓе те подржуваат и ме интересира дали сеуште мислиш дека си во право. Пред неколку часа откако најпрвин цел ден те немаше излезе со соопштение за кое ти честитав затоа што прв пат заличи на обраќање на еден претседател. Веднаш потоа имаше еден тон прашања (нормален интензитет кога постојано те нема) од кои на ниту едно не одговори, а поголем процент беа конкретни и подкрепени со факти.

Да не го испуштам востанието и да кажам дека е подигнато од италијанец (Colinar - 28mi level втор по ранг во Италија). Овој човек очигледно знае што прави затоа што не е почетник. Точно е дека добивме извинувања но после ова дали може да им веруваме. За ова не ти ни поставувам прашање, што понатаму. Затоа што кој знае кога ќе ни одговориш а и што сега ќе ти истекне.

Сега ќе морам пак да поставам неколку прашања:
1.Дали дешавката со Видин беше утка?
2.Дали Лингурија за џабе ја дадовме на Словенија и дали ќе ја вратат?
3.Дали ни кажувавте дека словенија ќе ја нападне Франција а ние ќе помагаме?
4.Дали Франција ни беше потребен фронт и кои ни беа придобивките од таму?
5.Дали без нас немаше Полска и Шпанија да успеат да ја поробат?
6.Дали мирот со Италија беше принудно решение од кога сами се ставивме на три фронта?
7.Дали мислевте дека Италија ќе се придржува на договорот?
8.Дали можете да кажете дека референдумот беше фер?
9.Дали неосновано ве обвинуваме?

Очекувам одговор и да разјасниме нешто. Несакам околу Франција да се вадите дека од ОНЕ така ви кажале. Неколку пати во коментари пишував. Секоја држава стапува во сојуз за да полесно си ги реализира своите интереси (кој интерес ни беше Франција?). Несакам за Видин да се вадите на автоматска битка заради тоа што бевме природни непријатели, тоа можевте да го предвидите и да реагирате на време. А кога сме кај референдумот ве прашувам заради неколку причини. За да има легитимен референдум треба да е однапред најавен за да се развие дебата, народот да се информира за позитивните и негативните страни. Треба да трае 24 часа. Треба да има увид на состојбата после секое гласање (слично како на останатите избори) и нормално да има одреден процент на излезеност. Дали ова беше овозможено и зошто референдумот заврши веднаш од кога ѓи објаснивме негативните страни и од кога народот почна да гласа со НЕ, со вкупна излезеност не повеќе од 500 гласачи?

Се надевам одговорите ќе ги добијам наскоро затоа што не се наменети само за мене туку за сите МАКЕДОНЦИ.

Време е да разјасниме!!!