Број - 11 До раководството

Day 1,233, 16:28 Published in North Macedonia North Macedonia by mymedmind

Ќе пробам да бидам краток. Неможам како министерот за економија ама ќе се потрудам. Кога веќе го спомнав, на ова: http://www.erepublik.com/en/article/-1-1738112/1/20 мислев.

Факт е дека критики има премногу за почеток ама факт е дека и нема некој демант, освен неколку кои ѓи навредуваа критичарите. Еве што критикуваме:

- Сите досега објавени соопштенија се од лични весници, значи собирате претплата. Тоа е злоупотреба на позиција.
- Горе наведеното соопштение на министерот е срам или имаме различни критериуми.
- Цел ден немаме план за војување народот сам се организира.
- На претседателот му требаше цел ден да напише статија. Знам дека му треба време да формира тим но може да покаже дека е овде барем преска кога цела држава викаше по него.
- Речиси ниеден од претходното раководство не е во игра и ќе ве молам не ми споредувајте со реален живот. Ви треба континуитет во работата и ви треба искуство.
- Избор на фунционери. Мислам дека цела еМакедонија го критикува министерот за одбрана и со право. Пред некое време имаше скриншотови од војници на АРМ кои се тепаат во завршена (1800+) битка. Дел од министерството за економија е SARMETINА. Па само јас повеќе од 3 пати пишував за неговите негативни дејства на пазарот и сега ќе чекаме да ни ја оправа економијата. Дечкото јавно признава дека профитира со препродажба и со симнување на цени. Кога го критикував за ова ми одговори "ја откри Америка"(ова се случи денес). Мислев дека конечно ќе дојде човек професионалец - со економски факултет оти играва во овој дел и не е баш игра.


Тоа е скоро се од критика. За крај имам барање до претседателот да размисли уште еднаш за кадровските решенија и да слуша совети од оние кои подолго се тука.

За почеток ми оставивте лош впечаток и имам лошо предчувство, се надевам дека со дела ќе ме демантирате.