Правила за влез во Скопска дискотека!-Таша.МКД

Day 2,492, 04:11 Published in Turkey Nigeria by Princess of Nigeria

Правила за влез во Скопска дискотека!

1. Прво може да се каже дека имаат предност децата на некои “битни фаци” во државава. За нив вратите се секаде и секогаш отворени без никакви проблеми.





2. Втори се девојките (кои најчесто имаат околу 15год, но благодарение на вештачките нокти,трепки,шминка, “push up” градниците и 16cm штикли личат на 30), најчесто и сексуално задоволуваат некој лик поврзан со дискотеката,небитно дали е газдата или некој од менаџерите за да може без проблем да влезат, да имаат некое масиче упикано во некој ќош и по неколку пијачки.





3. Третите веќе треба да се молат за да влезат бидејки зависат од расположението на некој ТИП што најчесто е без образование и целиот свој живот го поминал во теретана, се билдал за да стои пред врата, да замислува и да се понаша како диското е негово.. Од него зависи дали некој ке влезе или не, и без никаква причина може да ти се испонаша, да те извреѓа, се случува и да биде насилен (небитно дали си машко или женско), да си ги покаже своите “способности”.




4. Четвртите луѓе се оние на кој веќе им се згадило од поимот “диско” и ноќен живот, бидејки не се ниту деца на некои битни фаци, ниту имаат намера да ги шармираат типците од обезбедување за да влезат и остатокот од ноќниот живот ке си го поминат во помирни места каде што никој не ги гледа како се облечени и не си игра мајтап со нив 2h на врата…



Превземено од Среќа.сом