Беше убаво...

Day 2,467, 07:31 Published in Chile North Macedonia by Loader

Некогаш кога течеше мед и млеко... беше убаво... (не велам дека денес не е).
Беше убаво кога си правевме разни дружби (собиранки), кога се собиравме од цела Македонија во повеќе градови, како на пример, Струмица, Радовиш, Штип, Велес, Скопје...
„Беше убаво“ намерно го користам изразот, затоа што така велат повеќето соиграчи, од сама причина што - самата игра се измени за повеќе од 360 степени (за жал), а мислам дека и самите знаете за што точно зборувам.
- Еве потсерување од повеќе соиграчи:
Некои веќе и не ја играт играва поради тоа што самата игра почна да зависи од VISA, MASTERCARD....
Некои веќе не ја играт играва поради тоа што биле повеќе пати банирани (самите си се криви за правење на мултиња)
Некои веќе не ја играт играва поради тоа што ја играт играва 20-30 дена, поднаучиле нешто и ВЕДНАШ сакат да бидат главни, па и претседател на е-држава, а се спречени во истото од постари играчи...
Некои веќе не ја играт играва поради тоа што сакаа да направат "RL" профит, па исто така банирани...
Некои веќе не ја играт играва поради тоа што ... ма не ме интересира тие што не играт, ме интересира за тие што ја играме играта и да продолжиме со повеќе дружби (собиранки), да си се дружиме, да се веселиме, да се запознаваме...

Еве некои слики од тие дружби:
Велес 26-06-2011 - 1


Велес 26-06-2011 - 2


Скопје 09-07-2011


Струмица 23-08-2011


Радовиш 19-11-2011 - 1


Радовиш 19-11-2011 - 2


Штип 20-11-2011


Скопје 16-04-2012


Куманово 26-05-2012


Кочани 09-07-2013 мини дружба


Штип 21-05-2014


И многу други дружби...
Мислам дека успеав да Ви го задржам вниманието и успеав да ви доловам само еден МАЛ дел од атмосверата на дружбите...

loader