ПОЛИТИЧКИ ТЕНЗИИ

Day 2,422, 08:33 Published in North Macedonia Mexico by darko888

Политичката состојба во еМакедонија е во криза а граѓаните остануваат поделени. Некои сметаат дека новоизбраниот претседател Христијан Тасевски не е доволно активен и не може да ја спроведува функцијата претседател а некои сметаат дека тоа се само предрасуди и веруваат дека времето ќе покаже дека се во право. А1 проба да го исконтактира претседателот Тасевски но од негова страна не доби одговор и покрај тоа што беше online.

После импичот, кој беше поднесен од поранешниот конгресмен DaskalotMKD некои граѓани сакаат повторно да има импич и промена на претседателот Тасевски.
Разочарана во одлуките на претседателот беше и поранешната министерката за здравство Таша која во статија поднесе оставка од нејзината функцијата. Причина за таквата одлука била неактивноста на претседателот. А1 успеа да ја исконтактира Таша, којашто за А1 вели дека нема никакви шанси да се врате на поранешната функција. Претседателот за донациската функција го назначи ORIGINAL MKD во второто негово обраќање.

(Дел од статијата Оставка- Таша.МКД)
Во интервју за А1, DaskalotMKD изјави дека главна причина за импичот спроведен од него е неактивноста на претседателот. Исто така јасно кажа дека импичот го спроведил под своја волја а на прашањето дали може да очекуваме нов импич тој не знаеше да одговори.


Исто така се огласи и Ефилјо II преку неговата статијата "Порука" во која очекувано како и во неговите други статии употребува пцовки и навредливи зборови како пе*ери, лопови.. Некои веруваат дека ваквите навреди кон ферски и демократски избраниот претседател се индиректни навреди и кон 170 граѓани кои гласаа за актуелниот претседател.

(дел од статија "Порука" на Ефилјо II.