[МНР Македонија] Завршно обраќање

Day 2,389, 08:12 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Поздрав Македонски народе,

за жал, ова е последното обраќање од оваа Влада за овој мандат, и како што дојде време, би сакале да ве известиме за она што го сработивме изминатиот месец.



Како што знаете напорно се работи за промовирање на Македонија, поврзување со земјите од Сириус, и стапување во контакт со нови, и стари пријатели. За таа цел беше издадена следната статија:
[MoFA Macedonia]Returning old friendships



Исто така, во текот на изминатиот месец невидени поплави ги зафатија нашите соседи и браќа Србија, Босна и Хрватска. Иако сепак игра, и без разлика на истите односи овде, ние покажавме солидарност и достоинствено помогнавме на тие земји. Затоа, почувствувавме потреба да изразиме сочувство и апел за помош и овде со оваа статија која беше во ТОП 5 интернационално, и Македонија доби многу пофалби за тоа.

[MoFA Macedonia] Act of solidarity


После некое време активирана е и Амбасадорската Програма, во која стремевме да најдеме солидни Амбасадори кои ќе ја претставуваат Македонија во најдобро светло во цел еСвет.

[МНР МАКЕДОНИЈА] Конкурс за амбасадори

*Доколку има заинтересирани, конкурсот е продолжен, а за да проверите во кои земји има слободно место т.е. кои земји се зафатени, кликнете овде:
[МНР] Резултати од конкурсот за амбасадори



За крај, би му посакале побрзо закрепнување на нашиот Министер за Надворешни Работи DarkoDimovski1, кој поради оправдани РЛ причини, мораше да замине на добро заслужен одмор.


Со почит,
Северус Снејп
МНР тим на еМакедонија