Дневникот на Трпана

Day 2,300, 10:45 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Жена му на Трпе, плавуша, ептен имала мерак да готви. Секој ден пробувала по еден нов рецепт кој го спремала со голем мерак, а пак сето тоа го запишувала во нејзиниот дневник:

Понеделник:
И така заврши и медениот месец и се сместивме во нашиот нов дом. Многу е забавно кога готвам за Трпе. Денеска направив преубав колач по овој рецепт: „Изматете 12 јајца одвоено“. Ама, немав доволно садови (алооо 12 ??!!) па морав да позајмам неколку од комшиите. Колачот беше супер.

Вторник:
Сакавме овошна салата за вечера. Во рецептот пишуваше: „Послужете ја без ништо“. Тоа и направив. Се соблеков гола. Ама, Трпе донесе некои пријатели на вечера. Никогаш не сум видела така зачудени фаци додека ја послужував салатата.

Среда:
Одлучив да направам грашок по рецепт што гласи: „Потребно е добро миење пред да се стави грашокот во водата“. Така, ја загреав водата, се измив, па дури после го ставив грашокот да се готви. Не ми е јасно зошто, и така и така немаше нешто подобар вкус.

Четврток:
Денеска Трпе сакаше зелена салата. Пробав нов рецепт. Вака гласи рецептот: „Исецкајте ги сите состојки и после истурете ги по листовите од зелената салата еден час пред да ја послужите.“ Морав да истрчам до градината на мајка ми. Ги истурив состојките по листовите од зелената салата и чекав цел час за случајно кучето да не ги изеде. Трпе помина да ме праша дали се чувствувам добро. Баш ме интересира зошто прашува?

Петок:
Денес пронајдов едноставен рецепт за колачиња: „Ставете ги сите состојки во сад и добро измешајте – и тоа е тоа.“ Од како го направив тоа отидов кај мама. Веројатно нешто не е во ред со рецептот или садот, затоа што кога се вратив дома, смесата во садот изгледаше исто како кога ја оставив.

Сабота:
Трпе беше денеска на пазар и донесе живо пиле. Ме замоли да го спремам за недела. Не бев сигурна како се облекуваат пилињата во недела, ама најдов едно слатко фустанче и мали папучки. Изгледаше ногу слатко, ама кога Трпе го виде, излезе од кујната броејќи до 10?!

Недела:
Денеска дојдоа родителите на Трпе на вечера. Сакав да направам нешто специјално, во прирачникот за готвење пишуваше "да се динста еден саат на тивок оган" кога го ставав саатот од мама во масло, Трпе влезе во кујната и нешто прошепоти, кога излегуваше пак броеше до 10, сигурно има проблеми со сметките кога спомнува толку бројки.

Добра ноќ драги дневнику, ова беше возбудлива недела. Едвај го чекам утрешниот ден да испробам некој нов рецепт за Трпе.