[МНР МАКЕДОНИЈА] Време е за промени !!!

Day 2,246, 16:12 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Поздрав народе .
Најпрвин сакам да му ја честитам на Пивце победата на престојните избори и да им се заблагодарам на сите оние кои што гласаа за мене .
Мора да се признае борбата беше интересна до самиот крај .
Сето она за кое што ветив дека ќе се залагам во престојниов период без и со моја победа беше искрено кажано.
Затоа по договор со нашиов Претседател решивме јас да ја водам Надворешната Политика за овој месец . Во долниот дел од оваа статија ќе набројам некои од главните работи за кои што ќе се залагаме да се остварат овој месец .





1 . Зајакнување на сегашните односи со нашите сојузници . Секојдневна комуникација со сите Министерства за Надворешни Работи и кроење на идните планови и дискутација за општата состојба на сите поединечно.

2 . Нови запознавања , нови пријателства кои што би придонеле за некаков иден напредок на нашата земја .

3. Пробудување на сите стари пријателства кои што беа заборавени и враќање на довербата кај оние не така оддамна нарушени односи со поранешните сојузници .

4 . Колективна работа и по можност враќање на поголемиот дел од иселените играчи назад онаму каде што потекнуваат . Ова би било можно доколку обезбедиме конгрес во наредниот период но затоа во некоја друга прилика .

5 . Воведување на акција за донација на средства кои што би биле искористени за потребите на нашата ни земја . Едноставно од народот за народот .



Работењето е започнато и напорно се работи на сите овие полиња . Сеуште не би сакал да откривам кои/како/зошто бил контактиран и со кој/како е правено муабет поради тоа што ова е само почеток.

Би ве замолил да го шаутирајте овој весник за повеќето да го видат !


Останете ми со добро !
MoFA of eMacedonia
ORIGINAL MKD