ВРЕМЕ Е ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ

Day 2,190, 09:27 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Мислам дека сега имаме реални шанси за ослободување. Идејата дојде со воведувањето на новиот медал “Борец за слобода”. Ако исчекаме добар момент за дигање на востание на пример доцна вечерта и до утрото успееме да направиме солидна разлика, мислам дека со помош на ловците на медали ќе успееме да дојдеме до нашата цел. Факт е дека гејците во моментот се појаки во D4 “НО” една проста математика ни покажува дека D4 носи 5 поени, а D1+D2+D3 = 6 поени. D4 од друга страна можат да ги помагаат другите единици со оружје и храна, секако доколку имаат желба и можност за тоа. Да си го вратиме нашиот регион, да ја имаме Македонија таква каква што ја знаеме.