Честит празник Македонци

Day 2,164, 06:36 Published in North Macedonia Serbia by Saint from Macedonia

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК МАКЕДОНИЈО... НА МАКЕДОНЦИТЕ, 120 години ВМРО!



На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода.

Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ за формирање независна држава.

Основачите на Македонскиот револуционерен комитет: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев.

Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.

Во политичка смисла, тогаш борбата за автономија значела формирање самостојна држава. Затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултирал денеска да имаме сопствена, независна држава.



http://www.youtube.com/watch?v=Qw3eix7C2Pg