Виц за виц еСмешки
MinDFucckeR
ИГРАЊЕ
Доаѓа Црногорец до девојка во дискотека и ја прашува:
- Ти се игра ли?
- ДА!
- Епа ајде стани, оди играј, јас да седнам малку!
ОМАЛОВАЖУВАЊЕ
Трпана му вика на Трпе:
- Трпе, мислам дека едното дете го омаловажуваш!
- Кое? Бојан, Горан или дебелото?
Заколнување
Како се заколнуваат нашиве политичари?
- Ако лажам да не се мрднам од фотељава кај што седам.
Честитка
За нова година премиерот им испратил честитка на своите политички затвореници:
- За многу години, за многу години!
Раскинување
Рамче и раскинува на Шемса и и вика:
- Барем ќе останеме први братучеди.
Comments