Бонус вицови

Day 2,114, 11:43 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Трчи Стојанка, го носи синот на раце и се дере:
- Војоо! Кажувај што да правам!?!? Синот ни голтна метак!
Војо се крие и и вика:
- Бегај мори! Не го врти накај мене!

* * *

Разговараат снаа и свекрва ден после свадбата и свекрвата и вели на снаата:
- Слушај снао, ти само што дојде тука во оваа куќа, па да ти кажам што карактер сум јас за да се навикнеш побргу.
Јас кога ќе станам си ја врзувам марамата, ако ми падне на десно многу ќе сум добра, ама ако ми падне на лево… пази се, тогаш сум многу лоша.
А снаата на тоа рекла:
- Јас свекрво кога ќе станам дрмнувам една ракија, после го местам креветот, па дрмнувам уште една ракија, после го метам дворот, па дрмнувам уште една ракија.
Е после тоа свекрво дундата ме боли дали на тебе марамата ти паднала десно или лево.


* * *

Фатил македонец риба во реката, трчајќи ја однел дома и и рекол на жена му да ја зготви.
- Еве ти една риба, земи испржи ја!
- Нема масло.
- Епа испржи ја со свинска маст.
- Добро бе човек ти од небото ли падна?! Со што да купам маст и масло кога пари немаме!
- Добро ма, тогаш свари ја!
- Ни вода немаме. Вчера ни ја исклучија оти не сме платили од лани!
Човекот нервозен ја зел рибата, се вратил кај реката и ја фрлил.
Излегнала рибата од реката и почнала да вика:
- ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !!