Вистината [МНР на Македонија]

Day 2,043, 18:00 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Здраво драги Македонки и Македонци,

Се изначекав и јас а и Вие да се отворат сите карти, па ете бидна и тоа....
Се изначитав шаути зошто мофата вака, зошто не онака, мофата ништо не работи, дипломатијата ни е ужас итн итн....
Сметав дека мора да се смират страстите а за тоа беше потребно време.



Ајде сега да почнам со извештајот:

Најбитната тема деновиве, го засени дури и воздушниот напад... Претходниот месец Србија не сакаше да прифати на каналите на нивниот сојуз да не ословува со болната ни референца. Поради тоа имаа големи проблеми и нивниот сојуз одреден период ги игнорираше, беа оставени сами на себе во битките. Излегоа логовите на колачето, се дигна прашина во Србија дека Македонија им работи зад грб. Сето тоа време двете влади имаа заеднички канал за координација. Тогаш САД ги нападна.

Баравте од мене да напишам официјален став, а правилата на ЦоТ велат дека доколку твојот сојузник (во овој случај САД) е во директна војна со земја со којашто имаме МПП, тогаш тоа МПП треба да биде прекинато. Размислете што требаше да напишам доколку Македонија излезеше со официјален став.

Со нападот го изгубивме МППто со САД. Бидејќи тие знаеја колку блиски сојузници сме со Србија во ниеден момент не не притиснаа да го обновиме МППто и будно чекаа на наша реакција. Можеби во моментот изгледавме како банда без команда, меѓутоа молчењето за нас во тој момент беше злато. Мал дел од нас маваа за САД, мал дел за Србија, а поголемиот дел останаа неутрални. А јас што и да пишев во тој момент ќе беше погрешно.

Заврши војната, бидна што бидна, си го обновивме МППто со САД како што е редот и иако правилата на ЦоТ не дозволуваа, издејствувавме продолжување на нашето МПП со Србија. Тие одеа против својот сојуз за нас, ние одевме против нашиот сојуз за нив. Мислам дека направивме се што можеше да се направи. Меѓутоа да бидеме искрени, на сите ни беше јасно дека Србија не може вечно да оди против одлуките на нивниот сојуз т.е. против одлуките на Полска и Унгарија.

МППто со г*ците го чекавме и го начекавме, но си останавме доследни на кажаното: Македонија не беше таа која што го направи првиот чекор!



Бидејќи сме вжештени глави, сите едногласно почнавте да барате да се потпише МПП со нивниот вечен непријател Хрватска (па нели САД им е вечниот непријател??? :о ).

И бидејќи веќе нема како, зошто и од кому да кријам, ќе кажам што се случуваше и со нив претходниот месец. Со димза сакавме да бидеме спремни со ас во ракавот кога ќе дојде долгоочекуваниот момент па затоа решивме да поразговараме со некој од Хрватската влада. Нели нормално си ја побарав колешката и пробав да разговарам со неа.

Добив дециден, арогантен, дури можам да речам и навредлив одговор од неа дека не сакаат да имаат контакти со Македонија. Да сме се обрателе кај нив тогаш кога ќе видела дека пукаме против Србија и кога Србија ќе ни станела непријател дури тогаш да сме ја побарале за разговор. И ми нагласи дека немало да се борат против нас во нашите битки.... Да, да, го видовме тоа сите во војната со Турција, навистина “не” се бореа.

После таа ароганција и после МППто со Пакистан одлучете сами дали треба да имаме МПП со нив кога воопто не не почитуваат. И да напоменам, месецов Крсте исто така стапи во контакт со нив, нивниот став е непроменет, а и крај краева си имаме ние сојуз и мислам дека ја научивме лекцијата дека треба во нашиот двор да си го гледаме, а тие се сами па нека му ја мислат 🙂




Би Ве замолила сите, да не навредувате никого од гореспоменатите. Заборавете на Косово, заборавете на врбите и не очекувајте од мене да Ви кажам дали да пукате за нив, против нив или едноставно и најубаво да си ги следите приоритетите на нашето Министерство за Одбрана. Можете да ме тролате колку сакате, меѓутоа јас го направив она што сметав дека е најдобро за Македонија во тие моменти.

п.с. Ова е статијата број 1 во Србија !

п.п.с. Се обложувам дека другарот Дарко прв ќе искоментира 😃

Вашата НЕАКТИВНА МоФА
Aliss