ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЕВА ДА ГО ПРОСЛАВИ ПРВИОТ РОДЕНДЕН

Day 1,713, 06:13 Published in Poland North Macedonia by Mr. Densisman

Верувам дека има Господ и дека ќе ја поживее Ева, дека ќе го дочека денот на операцијата, вели Дејан Илиевски, татко на двомесечно бебе што има дијагностицирано тешка срцева мана и белодробна хипертонија.



(Статијава е ископирана од дневните весници.
Не стискајте Воте и Суб - Само ако може по еден шаут.)

Секој ден е неизвесен, а секое утро е нова надеж и уште една битка на малата Ева. За неа се препорачува операција во Бугарија која чини 13.800 евра.
Родителите Дејан и Елена Илиевски од Куманово кои немаат можност за толку кратко време да соберат пари, од неодамна побарале помош од организации, граѓани, добродетели со донирање средства преку мобилни телефони и преку отворени трансакциски сметки во две банки.
Семејството Илиевски итно треба да уплати 3.000 евра сума што е неопходна за македонскиот Фонд за здравство да ја закаже операцијата во болницата во соседна Бугарија, а потоа ќе се доплати другиот дел од парите.
Патувањето до Бугарија е ризично, па за малата Ева ќе биде организиран превоз со Брза помош, која е спремна во секој момент да тргне на пат откако ќе бидат уплатени 4.600 денари во еден правец.
-Изразувам голема благодарност до сите граѓани што донираа за малата Ева преку телефонските броеви и на трансакциските сметки. Со помош на пријателите и роднините успеавме да собереме дел од парите што се потребни да се уплатат за да се закаже операцијата, односно неопходните 20 отсто од вкупната сума. Ни недостигаат уште 35.000 денари. Се надеваме дека во текот на неделата ќе ги собереме. Малата Ева сè повеќе губи воздух. Секој ден ја гледам како се бори за живот и му се молам на Господ да ѝ даде сила да издржи до интервенцијат, вели таткото Илиевски.

Малата Ева има само уште десет дена живот. Да. УШТЕ САМО ДЕСЕТ ДЕНА ако не се соберат 13 800 евра за операција. Ставете се на нејзино место и сфатете ја итноста. Кренете телефон и донирајте 100 денари. За вас не се ништо, а за неа значат живот. Ајде да бидеме хумани и да и помогнеме на Ева да го дочека првиот роденден.....

070/143-191(Т-мобиле)
077/143-402 (ВИП)
075/143-161 (Оне)

Трансакциски сметки:
300-0070827508-86 Комерцијална банka
200 - 0016518668 - 27 Стопанска Банка

Cите оние од странство што сакаат да донираат за малата ЕВА:
0024580171
STOPANSKA BANKA AD SKOPJE
SWIFT😒TOBMK2X
NAME AND SURNAME😃EJAN ILIEVSKI
IBAN :MK 07200002458017143 EUR
MACEDONIA

За шаут:
ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЕВА ДА ГО ПРОСЛАВИ ПРВИОТ РОДЕНДЕН
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2091941/1/20