Скапо СКАПОООО!!!

Day 1,710, 03:22 Published in North Macedonia Italy by Mlster X

Здраво сонародници и останати читатели!

Како што можеше да се види, денеc Плато ни спреми изненадување и сите заборавивме на изборите кои до вчера беа премногу актуелни, но друго ми беше муабетот.



Како ќе се одвива сега пазарот?
Лебот, и РАВ-от за леб, не верувам дека нешто драстично ќе се промени (т.е. ако Плато не реагира преку ботот), но со оружјето и РАВ-от за оружје ќе има турбуленции што веќе се гледа.

Колку што можев да разберам новите КУ7 во Македонија трошат по 3200 РАВ а со моменталнава цена на РАВ, тоа значи многу скап производ.
3200*0,3=960 МКД за рав + 170 МКД за плата = 1130 МКД потрошувачка.
Ова значи 70.6 МКД чини производната цена на КУ6 тенк. Што значи сигурно на пазарот ќе бидат по 80-100 МКД

За разлика КУ6 тенкара троши 960 РАВ односно 288 МКД за РАВ + 170 плата 758 МКД потрошувачка, односно 28.6 МКД производна цена за КУ6 тенк.

Кој има парички нека си изнакупи КУ6 тенкчиња, затоа што ако не падне РАВ-от утре ќе бидат многу поскапи од денес, во спротивно газдите ќе влезат во дебел минус а со секое наредно производство се повеќе ќе тонат. 🙁
Искрено очекував разлика во цена од КУ6 до КУ7 за двапати повеќе, но Плато поинаку решил. 🙂

Во секој случај поради високата цена на РАВ-то ќе се покачи цената на целото оружје (од КУ1 до КУ6) а тоа значи и многу повисока цена за производство на ракети.

Надополнување!
За утрешното производство ќе биде потребно 3200 * 11 = 35200 РАВ материјали, односно 10560 МКД на лагер, за да може да ја стартувате фабриката. Нови сопственици, припремете си длабоки џебови. 🙂

Да да, добро прочитавте, 35200 магацински простор. 🙂
Значи докупување на нови магацини. Дефинитивно кога ќе се земе се во предвид, новата инвестиција е многу скапа. :/

Што се однесува до заработката ако е по 20 МКД од тенк ќе имате профит од 3200 МКД или 1.8 Голд што со оглед на тоа колкава е почетната инвестиција и не е многу.

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА (ден 1711)
Цената на РАВ-от дополнително се зголеми така да очекувајте уште повисоки цени.
3200 * 0,41 + 160 = 1472 / 16 = 92 МКД од парче за КУ7 тенк - ова е производната цена без ниеден МКД профит за газдата.
960 * 0,41 + 160 = 553,6 / 16 = 34.6 МКД е производствената цена на КУ6 тенк. Исто без ниеден МКД профит за газдата.

Ве поздравувам сите! Останете ми со здравје и добро расположение.

acko11

п.с. Ве замолувам за претплата на везникот и за глас за да биде видена од повеќе играчи.