За Македонија, она пред кое сите молчиме!!

Day 1,682, 09:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Dashovski

Добар ден мои Македонци и Македонки.

Сите знаеме денес каде сме, што ни се случува но ретко кој ја знае вистината зашто дојдовме на ова ниво.Или пак подобро кажано, ретко кој сака да ја прифати вистината.




Пред една година сите бевме една партија, имавме државна армија, имавме дури и неколку паравоени кои не беа далеку од придавката државна армија.
Победувавме, бришевме, крвно се боревме и не дозволувавме никако да ја посрамотиме нашата виртуелна Македонија.
Можевме да се собереме дури и 500 Македонци на чат во исто време...



Еден ден се случи катаклизма во еМакедонија. еМакедонски аристотели со недоволно внимание во своето фамилијарно опкружување во реалниот живот решија да не размрдаат и да ни ги пренесат нас нивните комплекси од реалноста.

Започна поделбата по партии, државната армија се растури (затоа што не добиваа повеќе пари за бустери од државата), се поделивме по стотина паравоени единици.
Обвинувањата започнаа, оној крадел, тој крадел, овој не крадел па зашто не крадел.
Почнавме да внесуваме надворешни политички сцени, интриги на ниво да се замислиш да не се стварно Грујо и БЦ влезени во играва.
Почнаа да се продаваат државјанства, почна наши луѓе да ни напллаќаат за БОТ услуги за подоброто на еМКД.
Почнавме да бркаме "Resistance War" и "Battle Hero" медаљи без разлика дали се тие против нашите сојузници (со оправдание : подобро ние да го земеме тој голд отколку некој странец), почнавме да се размазуваме на штетата што ќе ја удреа Шиме, Аексил, Воикс и остали тенкови, па решивме дека на еМКД не и е потребна помош и слободно може да си се преселиме и да вршиме интриги за да спечалиме виртуелни пари (со изговор : кога ќе се вратам појак за Македонија ќе биде).Жими тасета!!!



Се појавија многу Македончиња кои крадеа наши сојузници, лажеа на платеничкиот канал за да ќарат тенкчиња, почна мулти треската и лажењето дека си нов се со цел да лапнеш некое виртуелно париче па дури и од твоите сонародници.
Го поминавме сето тоа, стигнавме до крајот, крајот на кој едни од најјаките наши момци решија да глумат INCI и да го уништат и она што малку ни останало.Дојдовме и до момент, Македонец да ни пишува казни во алијансата.

До каде стигнавме, зарем не го достигнавме максимумот на негатива?!
Зарем можеме подоле да отидеме?! Зарем не гледате дека сами си ја уништивме забавата, зарем не гледате дека оние најасалните си отидоа поради сите овие глупости.
Ја посрамотивме Македонија, ја уништивме почитта што воопшто некогаш некој ја готивел за нас, уништивме све она што го градевме 1 година!!

И што сега, владата ни е крива, тенковите ни се криви, Плато ни е крив, ОНЕ ни е крив, играта ни е крива?!
Полека но сигурно ги губиме и сите сојузници, се палиме како ропаци на националистички навреди додека самите си ја вреѓаме државата за која скокате дека и ќе се тепате.
И 20 нови претседатели, и 100 нови влади да се сменат, никој нема од нив да може да не извади од гомната во кои потонуваме!!

ЗАСРАМЕТЕ СЕ! ЈАС СЕ СРАМАМ, А ВЕРУВАМ И МНОГУ ДРУГИ!! ПРЕСТАНЕТЕ СО ДЕТСКИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА, ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ НАВРЕДУВАТЕ САМИТЕ СЕБЕСИ.

ДА ОВА Е ИГРА, НО ИГРА КАДЕ СЕ ПРЕСЛИКУВА РЕАЛНОСТА!!




Застанете, кренете рачна кочница, замислете се. Што правите, зашто тоа го правите. Зашто го уништувате и она малку што ни остана.
Реформи или "Game Over" ?! Тоа е ваша одлука!!


ОД НАС ЗАВИСИ, СИТЕ ЗАЕДНО ИЛИ НИКОЈ ДА НЕ ОСТАНЕ!!