[МНР] Актуелности во македонската дипломатија и Новиот Свет

Day 1,637, 08:46 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани

Пред Вас е првиот извештај на МНР. Покрај вршењето на стандардните обврски, секојдневно се работи на зацртаните приоритети на МНР наведени во претходното соопштение и за истите можеме да кажеме дека повеќето се веќе остварени.
Во извештајов во најкратки црти ќе образложиме за следните точки:
1. Договор помеѓу еАлбанија и еМакедонија;
2. МПП со еИран;
3. Појачана соработка со сојузници;
4. еКина во Европа;
5. еИндија.

1. Договорот помеѓу еАлбанија и еМакедонија;
- Приоритет на еМакедонија овој месец се еГрција и еАлбанија. Со цел да не губиме на време и да не објавуваме ПН на еАлбанија, еМакедонската Влада предводена од El Che G им понуди на албанците предлог-договор со кој еАлбанија ќе и пушти на еМакедонија ПН (законот е веќе активен и прифатен) со што еМакедонија ќе ја окупира еАлбанија и ќе добие нови два ресурси. За возврат, еМакедонија ќе и врати регион на еАлбанија и ќе и овозможи Конгрес што е и приоритет на албанците овој месец.
Со овој договор ќе заштедиме до пет дена и еМакедонија ќе се посвети на своите сојузници и на држење на еАтина под окупација кои ќе започнат да тенкаат непосредно пред конгресменските избори. За истиот, навремено се известени ONE претставниците како и српските и црногорските претставници.
Условите на договорот можете да ги прочитате овде.

2. МПП со еИран
- Како што можете да видите, еМакедонија е една од земјите-челнки на ОНЕ со која еИран сеуште нема обновено МПП. Иако активно се водат разговори меѓу МНР, еИранскиот Претседател и други ирански претставници, МПП-то сеуште не е обновено. На прашање на МНР зошто не сакаат или сеуште не пуштиле МПП, иранците речиси и не одговараат но ве уверуваме дека тоа не е од причина да тие не презираат или не сакаат да имаат повеќе соработка. МНР тргнува од претпоставката дека еИран е опкружен со нашите противници еКипар и еКина па истите вршат притисок да не потпишуваат МПП со нас но тоа се само претпоставки сепак. Самото тоа дека иранците не сакат наше присуство во нивни востанија дополнително го поткрепува горенаведеното. Комуникацијата меѓу двете страни е сеуште добра и ве уверуваме дека наскоро двете земји повторно ќе потпишат МПП и ќе соработуваат но МНР веќе ги исцрпи сите можни дипломатски средства па оставаме на еИран сам да одлучи, без притисок.

3. Појачана соработка со сојузници;
- Покрај веќе видено активната соработка меѓу еМакедонија, еСрбија и еБугарија, МНР деновиве активно комуницира со земји од АБЦ и ЕПИК сојузот. Главната пречка што МНР и македонското МзО не можат активно да соработуваат со некои земји од тие сојузи е во тоа што нивните играчи речиси и не користат ирц а нивните владини членови користат исклучиво скајп. Веќе е ветена македонска помош во литванските, латвиските и естонските војни, помош на еПакистан и еЈужна Кореја, а веќе се организираат удари на македонската армија во сојузничките војни.

4. eКина во Европа

- еКина ја презеде круната на еИндонезија која до пред година дена важеше за “Заспаниот Џин”. Вечните 10/10 ресурси, полнење на касата, феноменалната поставеност односно опкружување со слаби противници ја направија еКина силен сојузник а уште посилен противник. ОНЕ пред една година за малку не успеа да ја избрише еКина и ја остави на само еден регион со што еКина повторно се врати во игра и од тогаш речиси не загуби ниту еден оригинален и колонијален регион.
Пасивноста на еКина заврши и истата се впушти во офанзива.
Планот на еКина е преку еИндонезија (која имаше региони во еКолумбија) да премине во еЈужна Америка па преку еВенецуела да дојде до еШпанија и навлезе во Европа.
еКина е апсолутен приоритет за целиот сојуз но веќе неколку дена ONE води неуспешни војни за да го спречи нејзиното продирање на стариот континент. Нашиот сојуз не успеа да ја спречи еКина на сам почеток па следуваат доста неизвесности дали во натамошните денови ОНЕ како претходно повторно ќе го казни обидот за активирање на еКина или ОНЕ ќе се најде во шах-мат позиција. Доколку еКина успее да стигне до еШпанија, земјите-членки на ОНЕ ќе мораат да ги остават своите интереси и програми настрана и своите сили да ги насочат кон запад.

5.еИндија
- Некогаш нашата ветена земја, сонот кој ни го уништи еКина во соработка со еТурција. Контакт со оваа земја остваривме но засега поради притисок од ТЕДЕН не можеме да оствариме комуникација на дипломатско ниво, но неформално (без доделување на индиско државјанство) ги прифатија акредитациите на нашиот соработник таму.

Со Почит
МНР Македонија
Автор: PhoenixMK