Странските медиуми за операцијата „Монструм“

Day 1,625, 04:56 Published in North Macedonia Serbia by ACE RADO

Апсењето на 20-те исламистички радикали осомничени за поврзаност со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро е една од главните теми на денешните изданија на странските медиуми.

Посебно внимание на оваа тема посветуваат медиумите од регионот, кои пренесуваат детали од вчерашната прес-конференција на министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и потестуваат на петкратното убиство што се случи на 12 април.

Медиумите наведуваат дека македонската полиција на сослушување приведе 20 радикалани исламисти припадници на екстремистичка група од Скопје, кои се осомничени за убиството на петте лица на 12 април.

Во извештаите на медиумите од регионот се посочува дека полицијата претпоставува оти „меѓу уапсените, од кои повеќето се македонски државјани, се наоѓаат и извршителите на злосторството“ кај Смиљковското Езеро.

Тие ја пренесуваат и изјавата на Јанкулоска дека сторителите на убиството се бореле во Авганистан и Пакистан против припадниците на меѓународната коалиција предводена од НАТО.

Повеќето странски медиуми го пренесуваат извештајот на агенцијата Аошиејтед прес во кој се вели дека „полицијата уапси 20 радикални исламисти поради убиството на петмина рибари етнички Македонци“.

Агенцијата посочува дека убиствата ги зголемија тензиите во „малата балканска држава меѓу мнозинството Макеоднци и претежно муслиманското албанско малцинство“.

Во извештајот се нагласува и дека минстерската Јанкулоска во својата изјава не прецизирала на која етничка група и припаѓаат уапсените, туку дека само рекла оти сите се македонски државјани.

Ројтерс пак посочува дека македонската полиција соопшти оти уапсила 20 лица, вклучително и радикални исламисти кои се бореле на страната на талибанците во Авганистан, поради убиство на пет лица на едно езеро во близина на главниот град Скопје кон средината на април.

„Убиството на мажите Македонци, кое уследи по неколкуте локални насилни инциденти, ја засили загриженоста од зголемени тензии предизвикани од шпекулациите во кои како виновници за настанот беа посочени припадници на албанското етничко малцинство“, наведува Ројтерс.

Агенцијата ја пренесува изјавата на министерката Јанкулоска дека некои од уапсените „се следбеници на радикалниот ислам..., а некои се припадници на групи кои се бореле во Авганистан и Пакистан на страната на талибанците против силите на НАТО“.

Би-Би-Си во својот извештај ја нагласува изјавата на Јанкуловска дека целта на уапсените кои ќе бидат обвинети за тероризам била „да шират страв“.