[МНР Македонија] Извештај и случувања во еСветот

Day 1,620, 13:09 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани

Во изминативе десеттина дена повторно се случија неколку интересни работи на полето на политиката во Новиот Свет за кои ќе стане збор подолу во текстот.

МАКЕДОНИЈА

- Пред конгресменските избори, МНР активно водеше состаноци заедно со претставници на ОНЕ и ЕПИК со цел ослободување на барем еден регион во Јужна Кореја, Иран и Пакистан кои подолго време се мачат со кинеската окупација. Се направија три поголеми состаноци во вечерните часови, се направи детален план за делување кој многу ветуваше но за жал токму на денот кога стартуваа приоритетните востанија (21ви април) администраторите воведоа damage boosters и попуст на злато со што акцијата буквално пропадна. Иако беа делени тенкови и организирано беа испраќани платеници сепак наведените земји речиси никогаш не можеа да го одржат ѕидот во нивна полза и повторно останаа без Конгрес.

- Повторна иницијатива на МНР за медијатор во спорот помеѓу еШведска и еПолска но двете земји по неколкудневните бурни расправии стигнаа до компромис.

- Во деновите кога еМакедонија губеше во битките односно во периодот додека траеја попустите за злато и бустер МНР активно лобираше кај своите сојузници да ги поставуваат нашите битки за приоритет иако во тој период беше приоритет еШпанија.

- Апсолутна координација со бугарските владини претставници за текот на војните и меѓусебно помагање во војните.

- Стандардно обновување на МПП-а.

АКТУЕЛНО

- еИран излезе од ОНЕ -

еИран официјално објави неутралитет.
Иако на почеток оваа самоиницијативна одлука на иранскиот Претседател беше прифатена со резерва (како онаа на еИндонезија) бидејки беше донесена без да распише референдум или согласност од Конгресот, сепак на крај излезе како вистинита. За жал, еИран го напушти ONE семејството. Иранските играчи веќе подолго време го бојкотираат ОНЕ а се поголем е и нивниот гнев кон овој сојуз па и кон некои земји-сојузнички.
Донекаде и разбирлив e овој потег бидејки веќе 5 месеци иранците немаат можност да добијат Конгрес а ОНЕ не направи доволно за да и помогне на оваа земја туку приоритет постојано беше нешто друго како на пример пинг-понг војните на Балканот. Иранските проблеми започнаа со промените во еТурција која набрзо успеа да го избрише еИран од мапата а истиот тренд на подолг рок го продолжи еКина.
Се повеќе кружат гласини дека еИран може да премине во новормирана алијанса помеѓу еБугарија, еЧиле и еРусија за која ќе стане збор подолу.
МНР не ја менува својата политика кон еИран, напротив останува во контакт со иранските претставници и нема да дозволи оваа ситуација да ја искриви сликата за еМакедонија во очите на иранските играчи.

- Шпанија под ПТО закана -

PTO - Political TakeOver
Непосредно пред конгресменските избори во еШпанија се случија тешки препукувања меѓу неколку политички партии. Шпанската партија PS започнаа масовно да доделуваат државјанства на бразилски играчи и им овозможија да се кандидираат за Конгрес.
Како одговор на тоа, шпанските владини претставници со помош на ОНЕ направија анти-ПТО акција со цел да ја спречат горенаведената партија да испрати свои членови во шпанскиот конгрес. МНР членовите PhoenixMK и Andrej.M активно се вклучија во акцијата и бараа македонски играчи од доверба кои безрезервно би помогнале во еШпанија. Поради големата заинтересираност а ограничениот број на државјанства кои можеа да се доделат, МНР контактираше и предложи десеттина македонски играчи за добивање на шпанско државјанство.

- Пакт помеѓу еБугарија, еРусија и еЧиле

Овие три земји склучија формален договор (пакт) за меѓусебна заштита во случај на воена опасност или PTO. Овој пакт всушност не е за формирање на нов сојуз (иако трите земји делуваат како да се во сојуз) но не е помалку различен од основачките пакти на постоечките алијанси. Разликата е во тоа што земјите потписнички не мораат да членуваат во иста алијанса туку можат да учествуваат и во други алијанси.
Покрај горенаведеното, со овој пакт се основа и Стратешки Совет кој ќе одлучува во однос на воените акции и дипломатските цели, идеи и конфликти а не е исклучено и прием на нови земји потписнички. De facto, овој пакт ги содржи сите елементи за формирање на нова алијанса. Повеќе.

- Атински расправии -

Атинскиот Претседател (кој беше разрешен од функција) Tall_Niki и Врховниот Командант (SC) на EDEN laswn (атинец) влегоа во вербална политичка војна. Веќе подолго време атинскиот Претседател се заканувал дека еАтина ќе излезе од EDEN поради неспособноста на актуелниот командант на EDEN (laswn) како и недоволната поддршка во атинските војни против еМакедонија.
Iaswn го скрши мразот и објави статија на атински јазик каде ги критикува однесувањата и дествијата на атинскиот Претседател вклучувајки и чет логови.
На овој артикал возвраќа Tall_Niki со негова лична статија каде го напаѓа Iawsn и ја критикува неспособноста на EDEN HQ да се координира и да помага во атинските битки но спомнува и излез на Атина од EDEN која според него била недемократска алијанса што постојано се мешала во работите на земјите-членки и не им дозволувала интерна самостојност. Актуелниот CP на еАтина во неговите статии најмногу приговара затоа што еАтина никако не добивала приоритет во EDEN. Иако еАтина се бореше за оргиналните територии, сепак врховната команда на EDEN одлучувала приоритет да се стават битките на Хрватска, Белорусија....
Неспособноста на актуелниот Преседател на еАтина го препознаа и членовите на најголемата и најмоќна единица Myrmidones и поради тоа интензивно ја напуштаат еАтина, а нивното присуство во битките е се поретко.
Сериозноста на проблемите во EDEN се забележуваат и во коментарите од нивниот најзначаен тенк.

Со Почит
МНР Македонија (#emkd-mofa)
Автори: PhoenixMK & AlexSkopje