Дали е разрешено убиството кај смиљковци

Day 1,615, 23:33 Published in North Macedonia Serbia by ACE RADO

КОД: Дел од реконструкцијата на убиството кај Смиљковското езеро

На земјата се уште стојат локвите крв, дупки од куршумите, траги од автомобилски гуми кои се испреплетуваат. Птиците во езерото се нем сведок на грозоморното злосторство. Биле ли единствени? Еве дел од реконструкцијата за убиството што ја направи КОД врз основа на сознанија од повеќе извори.

Убијците им се приближиле на момчињата кои немале време да бегаат. Со вперено оружје ги принудиле да клекнат свртени со лицето кон земјата со грбот кон езерото. Ги опкружиле, поставувајќи се во форма на полукруг, застанувајќи од три страни. Се се одвивало брзо, не ги врзувале, мачеле или претходно повредувале момчињата. Откако Александар, Кире, Цветанчо и Филип легнале убијците почнале да стрелаат.
Оружјето со голема моќ е автомат и два пиштола со 9 калибарска муниција . Во телото на Александар и Филип прво завршиле по два куршума, Цветанчо бил стрелан со 3, а Кире со пет. Пукано е во исто време кон горниот дел од телото.
Во 19: 45 ѕвонел телефонот на Александар. Неговата сестра се обидела да го добие откако родителите виделе дека се смрачува, а него го нема. Му го чула гласот и дишењето, но тешко и неразбирливо. Во тие мигови се претпоставува дека уште едно од момчињата се уште е живо - кај него и Александар најдена е крв и во белите дробови. Сестрата на Александар повторно заѕвонила. Иако тоа се случило само за минута телефонот веќе бил исклучен.
КОД претпоставува дека мобилниот на Александар и на неговите другари го исклучиле убијците, но телефоните останале кај жртвите. Само еден мобилен останал вклучен, оној на Филип кој најверојатно бил ставен на тивко ѕвонење или бил во неговиот автомобил. Родителите на Филип ѕвонеле по полноќ, а потоа и во 4 часот утрото кога телефонот бил исклучен од страна на полицијата .
Според сознанијата на КОД, уште едно од децата иако со куршуми во телото било живо. Професионалните убијци не запреле - последниот куршум сите момчиња го добиле во тилот. Со пиштол, така егзекуторите ја потврдиле нивната смрт.

Повеќе гледајте во КОД вечерва во 19.20, по Народните приказни.
Снежана Лупевска
22.04.2012, 12:42