Новите реформи на ВМРО-ДПМНЕ

Day 1,613, 04:47 Published in North Macedonia Serbia by ACE RADO

На денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ која се оддржа пред граѓаните на Карпош, обраќање имаше премиерот Никола Груевски.


Груевски на оваа трибина ги истакна сите реформи кои тие како влада ги направиле, но на самиот крај не заборави уште еднаш да им изрази сочуство на семејствата на петте убиени лица кај Смилковското езеро.

Премиерот уште еднаш рече дека убијците ќе бидат најстрого казнети.

Тој информираше дека при неговата посета на Министерството за внатрешни работи видел дека тимот кој е ангажиран за расветлување на овој грозоморен чин е максимално мотивиран. Груевски потенцираше дека мотивацијата за разрешување на ова убиство е на највисоко ниво, бидејќи сите сакаат убијците да бидат изнесени пред лицето на правдата.

- Забележав дека многу поединци и политичари се обидуваат од ова да направат шпекулации и поголем немир меѓу граѓаните и меѓуетнички тензии и судири. Ќе дојде време цврсто верувам во тоа кога ќе се најдат убијците и независно кои се и каде етнички припаѓаат ќе одговараат пред законот и ќе зажалат за тоа што го направиле. Не треба да се подлегнува на атмосфера која некој друг сака да ја создаде и не треба да се прогласуваат за виновни цели етникуми. Ако убијците се Македонци не може да се виновни сите Македонци, а ако се Албанци не значи дека се виновни сите Албанци....Тоа го посакуваат тие што не и сакаат добро на Македонија. Треба да одговара тој што го сторил тоа затоа што вакви монструми се појавуваат во многу држави, изјави премиерот Груевски

Интересен е податокот кој го откри премиерот Груевски, а тоа е дека Специјалците на МВР сами се пријавувале доколку сторителите бидат откриени тие да учествуваат во нивното апсење.