Како до бустер!

Day 1,610, 09:05 Published in Turkey North Macedonia by red cross1


Петко со новите вести!


Новата ситуација на нашата економија навистина ме загрижува, а посебно ние стечајците со љ4 за рав фабриките! Живееме од продажбата на тие суровини и се надеваме да продадеме по солидна цена да може да истајме некое бустерче... Но наместо бустер ние не можеме ни тенкче да купиме со парите, некој успешно ни ја ПРЦА целата ИКОНОМИЈА!

Монетари маркетот не го имам отворено 1 месец, штедам на кликови! Што ќе ми е да отворам кога не можам ни 1 голд во денот да купам... Пресели се ваму, пресели се таму, барај услов за живот и џабе...



Со новите промени кај да талкаш исто ти е... 0.16/0.17 цена на raw a голдот 1730! И ако би зел грубо дека 1 фабрика произведува 280 рав, или тоа се 45 денари испаѓа дека треба да имам повеќе од 38 фабрики за да направам 1 голд! а ако сакаш бустер од 1.79 би ти требале околу 69 фабрики само да истренираш денеска! па кај да најдам толку ...
Се плашам дека 1 ден ни со 0.19 нема да можам да тренирам...



Решението се состои во мотото НЕ БИДИ ГЛУП, КОРИСТИ КАРТИЧКА!



Ќе се спасиш од сите маки а башка то ќе имаш и за бустер и за тенкање 24/7 секој ден...

Еве изјава од еден анонимен корисник на картичката!

-Мене ме можеше да ми помогне ниту космодискот нуту сара вита! А сега картичката ме враќа во живот, е користам еднаш неделно и се осеќам јак како во времето кога голдот беше 30 денари!






И некогаш се прашувам, јас сум далеку од родната земја но ако земиме дека сите македонци сложно ќе се договорат равот да го ставаат по 0.25 денари, во тој случај ќе кренат тенковите, ќе кренат платите ... ама барем ќе може да се куува злато! Се надевам златото нема да заминит на 2000 ден !