Поени во битка

Day 1,603, 00:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr. Densisman

Како функционира механизмот за победа во битка и кампања.

Секоја кампања има минимум 8 битки, а максимално 15, кои можат да траат и до 2 часа.
Вообичаено тие траат нешто повеќе од 1,5 час.
Победник во една битка е првиот кој ќе постигне 1.800 поени.

ПОЕНИ
Во битката, поени се добиваат по минута доколку се одржува ѕидот над 50%.
Од прва до 30 минута од битката: 10 поени на една минута.
31-60 минута од битката: 20 поени на една минута.
61-90 минута од битката: 30 поени на една минута.
91-120 минута на битката: 60 поени на една минута.

ИСТ РЕЗУЛТАТ
Ако двете земји имаат 1.800 поени на крајот на една битка, во таа ситуација земјата бранител ќе биде прогласена за победник.
Во RW, бранител е земјата која има територија под нејзина контрола во времето на отворање на RW.

ВАЖНО
Кога ѕидот е над 50%, не се освојуваат повеќе поени за удирање повеќе или зголемување на предноста.
Поени се заработуваат само доколку ѕидот е над 50% па макар тоа да било и плус 0,01 %.
Но сепак како мерка на претпазливост, препорачливо е да се има неколку проценти плус (1 - 2 ) како предност и контрола над битката.
Доколку непријателот не удира (не се бори) престанете и Вие. Во спротивно беспотребно се трошат ресурси во таа битка и истите можат да се употребат во друга.

НАЈВАЖНО
Се од горе напишаното НЕ ВАЖИ доколку Плато нема профит!

Ако не ви е тешко, стиснете суб.

За шаут :
Поени во битка
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2004930/1/20