Регион: Умбрија партија: Републиканци

Day 1,587, 00:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Здраво на сите 🙂

Минатите избори поминаа супер, со еден куп кандидати и ниту еден избран. Барем немаше нешто многу политички муабет месецов, па си бевме раат.



Месецов имаме баксузни (или среќни, како за кого) 13 региони за гласање, па пола македонци конгресмени ќе станат. Кога ќе почнеме едни на други да си ги продаваме гласовите, па тоа лудниа ќе биде. Најинтересно ми е кога противкандидатот во истиот регион ќе ми прати порака да гласам за него/неа...

Една од главните причини зошто се кандидирам е да разбијам монотонија. Некако сè истите луѓе се вртат во влада, конгрес, ова, она, а информациите што ги добиваат баш и не ги делат лесно. Како конгресмен не можат баш да се ветат и исполнат многу работи, па затоа единствено што ќе ветам е следново: главна задача ќе ми биде да бидам достапен за информации и истите да ги споделувам со сите што е можно поредовно.



Секој кој го интересира нешто околу работењето во парламентот, самата структура, опциите, одговорностите, зошто некоја одлука била донесена или не, ќе може да ме праша и нормално да добие соодветен одговор. Тоа е единственото нешто што можам да го ветам и да го исполнам, затоа што зависи само од мене.

Следново зависи од вас:



Каде да гласаш?
Во Умбрија.

За која партија да гласаш?
За Републиканците.

За кого да гласаш?
За мене де 😉


Plainswalker
Републикански кандидат во Умбрија