[МНР еМакедонија] Конкурс за Амбасадори

Day 1,573, 05:03 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани браќа и сестри Македонци,

Ова е време на големи турбуленции кои се случуваа, но и ќе се случуваат во нашиот сојуз ONE па и во сојузот на EDEN. Во тој поглед Министерството за Надворешни работи има за цел да ги интензивира односите и активностите со сите членки на нашата алијанса, но и со преостанатите земји во еСветот со цел да се подобри координираноста и соработката како на воен, така и на дипломатски план. Тимот кој работи во ова министерство е дипломатски претставник на нашата држава насекаде низ еСветот, а неговата работа е најважниот дел од подготовките на составувањето на сложувалката на стратегиски планови на една е-земја. Со таа цел тимот на Министерството за Надворешни работи објавува конкурс за Амбасадори кои во иднина ќе бидат “мост” на соработката и разменувањето на информации со останатите е-земји. Истите нема да бидат назначени само во земјите сојузнички на еМакедонија, туку и во останатите е-земји. Селекцијата и координацијата на Амбасадорите ќе ја вршат министрите за надворешни работи BucephalusIII и PhoenixMK.

Со таа цел објавуваме:

КОНКУРС за Амбасадори на еМакедонија

Задолженија на амбасадорите ќе бидат:
- бидат достојни претставници на еМакедонија во соодветната земја, објавувајќи статии во истата, се со цел взаемно запознавање и зближување на двата народа
- подобрување на односите меѓу двете земји (воспоставување на контакти со владиниот кабинет, контакти со нивни играчи, откривање на важни информации кои би ни користеле, присуство на нивниот канал)
- да ја информираат пошироката јавност на еМакедонија за случувањата во земјата, и да го информираат Министерството за Надворешни Работи информации кои би не засегале нас директно или индиректно, како и за нивните стратегии и планови на било кој план
- присуство на состаноци, кои ќе бидат одржувани од координаторите на амбасадорите, на кои ќе се дискутира за нивната работа и навремено ќе се доделуваат задачи.

Особено потребни се амбасадори за следниве земји:

Полска
Унгарија
Велика Британија
Индонезија
Турција
Мексико
Венецуела
Словачка
Естонија
Латвија
Литванија
Словенија
Црна Гора
Нов Зеланд

Само во овие земји задолжително ќе се назначат македонски амбасадори.

Во останативе земји ќе се назначат амбасадори доколку има заинтересираност:

Парагвај
Перу
Франција
Албанија
Кипар
Хрватска
Аргентина
Египет
Австралија
Германија
Австрија
Шварцарија
Бразил
Чиле
САД
Кина
Канада
Израел
Тајван (Република Кина)
Русија
Јужна Кореја


Конкурсот ќе трае 48 часа од објавувањето на оваа статија. Секој што сака да се пријави за амбасадор нека прати приватна порака кај BucephalusIII. Во пораката напишете општи податоци за вас, зошто би сакале да бидете амбасадор во земјата за која се пријавувате, дали имате познавање на соодветниот јазик во државата (задолжително Англиски јазик).
Резултатите ќе бидат објавени во овој весник на друга статија.

Со почит
BucephalusIII
PhoenixMK
Координатори на еМакедонските амбасадори
Министерство за надворешни работи на еМакедонија