Политички план - крај на хаосот!!

Day 1,541, 08:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Dashovski
Добар ден Македонијо, добар ден Македонци.

Ја пишувам статијава со цел да ги повикам политичките партии (опозиција, позиција) да прекинат со хаосот и поделбата на народот што веќе го предизвикуваат неколку месеци.
Ќе ви претставам еден план за целовкупно организирање на политичката јавност и смирување на војните и хаосот кој се создава меѓу неа.
Топла вода не измислувам, ова веќе е измислено одамна и јас го гледам како единствен начин да се скроти чудовиштето што не поделува.

1. Парламент.

Предлогот мој е :
- Секоја партија која ќе учествува на изборите за конгрес да има сериозно предложени кандидати со кандидатура.

- Тие кандидати кои ќе обезбедат место во конгресот ќе бидат официјални пратеници (претставници на својата партија и избирачите) кои заедно со останатите пратеници и владата ќе ги донесуваат одлуките и плановите за движењето на еМакедонија.



- Партиите кои нема да обезбедат конгресменски места, ќе имаат право на еден член од нивната партија како претставник во парламентот.
- Ќе се одреди законот за гласањето и одржувањето на и во парламентот.

- Претседател на парламентот ќе биде назначен од владата. Тој ќе се грижи за организирање на состаноците (седници) на парламентот и за неговиот јавен ред и мир.

- Еднаш неделно ќе се свикува состанок на парламентот каде ќе може да се предложуваат идеи, амандмани итн итн (нормално може да се појават и вондредни седници).


2. Устав

Веќе е предложено да се создаде посериозен устав и законие и мислам дека создавањето на самиот парламент ќе го почне и организираното создавање, изгласување и документирање на новиот устав на еРепублика Македонија.



Целиот мој план има еден недостиг од моја гледна точка.
Тоа е како ќе се одредува бројот на пратеници во евентуална состојба на окупирана еМакедонија и немање на конгресмени.
Позитивното според мене е тоа што конечно политиката во еМакедонија ќе добие смисла и конечно сите партии позиција/опозиција ќе добијат шанса да ја однесат еМакедонија на вистинските патишта и истите тие да имаат увид што се случува во врвот на државата.

Целиот мој план го доживувам како дополнување или надоградување на организираноста што се случи во конгресот во последните неколку месеци (иако имаше и темни облаци над сето тоа).


Јас сум оптимист дека сето ова може да се изведе.
Доколку грешам, слободно поправете ме, дебатирајте, променувајте го мојот план или пак надоградувајте го.

ЗА ПОДОБРА еМАКЕДОНИЈА, ЗАЕДНО МОЖЕМЕ, ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ !!



Ви благодарам на вниманието.

(глас е добредојден а претплата не е морална поради тоа што не го правам ова за ММ медал)