Отчет за сработеното + последни зборови на некои кои се трудеа за еМакедонија...

Day 1,527, 10:21 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija

еМакедонци и еМакедонки
Како што повеќето од вас знаат, ние, Princess Emily и Admiral Trench веќе 4 месеци сме лидери на амбасадорите. Пред тоа, ја извршувавме должноста како амбасадори, и гледајќи го нередот во тој дел на Министерството за Надворешни работи, ги превземавме работите во свои раце, се со цел еМакедонија да има завидни претставници низ целиот е-свет кои ќе ја претставуваат во најдобро светло. Имаме повеќе отчети за сработеното, повеќе договори, што е најважно, од амбасадорите создадовме еден добро организиран систем во кој се работеше на завидно ниво, сите заедно, без поделба на водачи и водени, без употреба на авторитет, туку само помагање и сплотување на нашите можности, вложување на нашето време, за мајка еМакедонија. Од наша гледна точка, претставниците во другите земји одлично ја извршуваа својата работа и беа секогаш навремено и точно информирани за сите новости и случувања.

Но, повеќе работи се случија. Поводот за оваа статија е да ги искажеме нашите последни зборови пред сите. За тоа морам да ја превземам одговорноста јас (Princess Emily) која сум разочарана од се што се случува во нашата земја. Како личност сум навистина толерантна, но секој си има граница. Навистина ми е жал што се решавам на овој чекор, но сметам дека никој од еМакедонија не ја цени нашата работа. Простете ми за можната несврзаност на речениците, во моментов не можам да се искажам подобро... Навистина ми е жал што и Admiral Trench се реши на истиот чекор како мене, по веста за моето заминување. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме ценеа како личност, што ја ценеа мојата работа која почна уште кога бев 10-дневно е-бебе... на сите што беа тука за мене и ми помагаа во се... Навистина ми е жал за напуштањето на амбасадорите и на еМакедонија, но морам да се дистанцирам малку. Поради немање време наредниот месец, ќе егзистирам овде како редок посетител (двокликаш). Благодарам на сите кои беа до мене во сите моменти, за сета поддршка и почит која ја добивав од сите вас... Секогаш ќе бидам присутна и ќе наоѓам време за тие кои ја заслужиле мојата помош.
Ми беше чест што ве познавав, еМакедонци... ви посакувам се најдобро.

Исто така и јас (Адмирал Тренч) се соогласувам со ставот на мојата колешка поголемиот дел од нашиов народ упатуваше погрдни зборови до нашите амбасадори од најразлични причини и покрај нивниот напор на најдобар начин да ја преставам еМакедонија во странство и да придобиеме нови пријатели и сојузници.Навистина ми е жал за што се решив на овој чекор но еМакедонци додека не ви дое памет никогаш нема да напредува оваа земја цело време ке тапкате во место!
Ееее Македончиња цело време си мислите дека амбасадорите се никој и ништо и дека само весници пишуваме за избори сеа ке видите малце како ќе ви оди надворешната политика и продолжете да тролате и да вреѓате додека сите луѓе кои направиле многу за нашава татковина не ги избркате.
Јас лично ке идам во друга земја и таму ке помагам зошто тука дефинитивно колку и да направиш никој нема да те цени и само ке те навредуваат.
Исто така пред да заминеме со мојата колешка ке изготвиме припачник за работата на амбасадорите за да им помогне на новите координатори доколку ги има и се надевам дека достојно ќе ја продолжат нашата работа.
За крај една мала изрека да си ја памтите и размислите малце
Ценете го тоа што го имате зошто ако го изгубите касно ке ви биде нема враќање назад !
Благодарам на сите кои ми помогнаа и кои имаа верба во мене дека ќе успеам да направам нешто за нашава земја исто така им посакувам се најдобро во играва и во РЛ и секогаш што да им треба секогаш ќе им помагам ! о/
Ми беше мило и чест што ве запознав еМакедонци и еМакедонки о/


Со оваа статија, и официјално, единствен претставник на МоФА тимот на еМакедонија до 5ти наредниот месец е Претседателот United Macedonia. Како соработници и дел од овој тим работевме со месеци помагајќи на официјално поставените Министри, поголемиот дел во сенка, не барајќи никакви заслуги. Поради неиздржливоста на оваа специфична ситуација, го напуштаме МоФА тимот и нашата татковина. Ова не е наша желба, туку потреба, поради сите вас, еМакедонците, кои ја донесовте оваа одлука за нас.

Со среќа татковино, ќе ти треба. Неверојатно е какви луѓе држи земјава...
Збогум, еМакедонија...

Со почит,
Princess Emily
Admiral Trench