ТРЕТА СМЕНА

Day 1,524, 10:21 Published in North Macedonia Ukraine by Targitay I

Го објавуваме првиот извештај за работата на пајташката смена. Однапред кажувам дека го објавувам преку овој весник бидејќи ми здосади да ги гледам секојдневните шаути на Царот Наш, кој воедно е и заменик генерал на пајташите, за неговиот фамозен ММ медал : )))

Вчера вечер со пајташите ја имавме првата акција. Од акцијата сум повеќе од задоволен! Но апелирам до појаките играчи што дремат во ноќните часови, да ни се приклучат како би направиле уште поголеми резултати.

Во претпоследната рунда во Апулија, на Т1.30, при изедначен резултат, после долг период од чекање на нашиот канал и голема нестрпливост помеѓу присутните, дојде нашето време! Испукавме повеќе од 2.5 милиони (викам повеќе бидејќи имаше многу кои што не го напишаа својот инфлуенс) со што ја свртевме битката и на крај ја добивме.

Има голем број на пријавени во „Трета Смена“, ќе кажам само доколку бидеме сите присутни со фулл фф, можеме да направиме 8кк инфлуенс.

Ги повикувам уште еднаш сите што се будни во периодот после 2h, да дојдат на каналот #pajtashi за да пукаме заедно. Поинтересно е и има далеку поголем ефект!

Заедно кон ноќни победи!

MikiArhangel

ЗА КОГО?! - ЗА МАКЕДОНИЈА!!