еМакедонија - Импичмент (чајлдс бед тајм стори)

Day 1,518, 05:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Dashovski
Добровечер македонци и македонки.

Оваа статија ќе ја напишам со цел да ве изругам сите вас кои механички ќе си ги прочитаат оние статии со детски приказни а и самите тие малолетни писатели кои во детството добивале све и се мамини галеничиња па кога нешто нема да добијат ќе се обидат со се, и нивната фантазија ги губи општите и културните граници.

Го читам некој си Бранислав, пишал Импич некоја статија и ставил закон за импичмент на сегашниов претседател.
Една причина : неактивност на претседателот. Хмм..и јас би рекол дека е во право додека би гледал со неговите очи..прибидејќи претседателот не ми одговара на молбите за Оп на ирц канали или па војс итн итн.Но добро овде не сум дојден за да го бранам претседателот, тој сам може тоа да си го направи.
Втора причина : МоД тимот не работел, крадел, парите од НБРМ ги немало..WTF ?!

Добро бе ќе научите ли нешто ново да кажете, нас на МоД тимот па ни дошло до тие виртуелни пари и тенкови...
Тука сум да објаснам зашто ова мало детенце секој ден бара нов начин за да се смени претседателот а воедно и МоД тимот.

МоД тимот неможете да знаете дали работи со доаѓањето на каналите за поделба или наредби прибидејќи таму сме повеќето време "Idle" освен кога ви делиме или кога треба некој од нас да ви пушти наредби.
МоД тимот си има свои канали, ние имаме канали за средби помеѓу ОНЕ , помеѓу нас и сојзниците, помеѓу нас и сојузничките армии, помеѓу мод тимот и командирите на македонските воени единици итн итн.
Ние работме на тие канали 24/7 .


Следува интересна приказна :

Еден ден дојде еден Бране (истиов овој што бара импичмент) и побара донација од државната каса за да направел некоја "неверојатна воена единица" која ќе ја одбранела и ќе ја направела еМакедонија да постои до еИндија и подалеку.
Среќа имаме повозрасни и попаметни луѓе кои не се согласија на тоа и го одбија неговиот предлог.
Бране имаше пробано неговиот план да го исполни со кандидирање за претседател (дента на изборите кога виде дека има само 10 гласа реши да влезе во тимот на друг кандидат, во МоД екипата) но не му успеа, а не му успеаа и останатите идеи за да си го оствори својот план.
Сега константо дава веќе втор закон за импичмент и очајни обиди за да го оствари тоа со наводното празнење на народната банка и некои чудни цифри.
За Бране толку ќе кажам. Ќе сумираме подоле.



Од друга страна се појави Селеук, кој тврди дека идеите негови и на останатите кандидати биле украдени од сегашниов претседател и дека не било фер.
Незнам за вас, но доколку јас бев на негово место јас ќе го осеќав тоа како комплимент да некој друг користи моја идеа за доброто на еМакедонија.
Но сепак тој не чуствува така, и според него подобро еМакедонија да пропадне, наместо да ги собира сите добри идеи се со цел за подобра иднина во играва.Зашто му ја украдовте идеата, требаше да почекате тој некогаш кога ќе стане претседател да го исполни тоа?!
Другар Селеук, доколку констатираш дека твоја е идејата, и дека ние во нешто не сме успеале.. слободно, појави се, дојди приклучи ни се во тимот па заедно да ги оствариме целите а не само да збориш празни муабети.

Едно нешто за крај ќе ви кажам..
Во моево 2 неделно учество во политикава во еМакедонија сретнав работи какви што не очекував дека ќе сретнам.
Имено, едни викаат делете на странци, други викаат зашто на странци зашто не на нас.Едни зимаат тенкови и од својата воена единица и од фаланга и на крај доаѓаат на ударните канали и се мочаат во државните 6 тенка (стигнав до таму еден да ми каже: мочани 6 тенка, сега ќе идам на платеници каналот и ќе земам повеќе тенкови и ќе пукам против Македонија).
Имаше и фаца (македонец) која не нарекуваше Ф**ом поради малкуте тенкови.
Еден дури пукаше против еМакедонија затоа што не добил војс на #emkd-army .


Имам и важно прашање за постарите играчи. Добро луѓе што ни требаше тогаш тој бејби бум, што убаво си игравме на раат без овие фаци...

До кај ќе стигнеме вака бре, тенкови, голд, оп, војс и што друго не..
За тоа душа ќе си продадете.




Јас ги повикувам сите конгресмени, момци и девојки ве молам изгласајте го импичот, ве молам закопајте си ја еМакедонија што подлабоко..Нека дојдат овие фаци на власт, да ги видиме што ќе направат.
Едно е сигурно, лека полека еден од двете врсти на народ кој ја игра играва наскоро ќе се расчисти (Паметните или Глупавите). За тоа вие одлучувате.

п.с : статијава ја пуштам вторпат за повеќе луѓе да ја видат и да знаат зашто се прават овие глупости.
Поздрав.