[МЗО]Отчет за Сработеното

Day 1,506, 19:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Здраво Македонијо,

Дојде време да ја напишам и мојата последна статија во овој мандат! Дојде време да го дадам мојот отчет за сработеното:

На 6ти Декември државата ја земавме со 4 ресурси од Celarente. Првата офанзива беше НЕ на Египет и освојување на Upper Egypt и Middle Egypt! Со победите во Египет ние се качивме на 6/10 ресури и успеавме да го зголемиме производството на оружје и на храна! Следна цел ни беше: Рибата од Кипар! Пуштивме НЕ закон кон Кипар и тргнавме на поход кон нив! Успеавме да ги освоиме Sinai, Southern Cyprus i Northern Cyprus! Ја добивме рибата од Кипар и успеавме да го качиме производството на храна! Добивме 7/10 и ја остваривме нашата почетна цел! Во тој момент, почнаа на големо да се праам планови за походот кон Индија, походот и почетокот на новата Македонска ера таму! Разговори констатно се одвиваа помеѓу Македонија - Турција, Македонија - Иран, Македонија - ОНЕ! На почетокот кога им го презентиравме планот на ОНЕ имаше мали несогласувања помеѓу нас и ОНЕ но при разговор на нашиот претседател и објаснување од какво значење е тој поход се согласија и ни дадоа зелено светло! Тогаш, почнаа Турците да се бунат! Зацртана цел им беше да тргнат накај Индија за ресурси! Да добро читате, сакаа да не пресечат за да не тргнеме натаму! Во полна пареа се водеа разговори со нивниот МоФА, нивниот МоД, нивниот претседател, разговори со Лазократите и разговори со останатите единици во Турција! Како наши браќа, им го соопштивме планот и им рековме дека ни се потребни само 15 дена за да стигнеме до Индија и да се стационираме таму! Турците се согласија и одлучува да почекаат.. Сакам да напоменам дека Турците имаа можност да влезат во ОНЕ, но за жал ги одбија! Како што им беше ветено, така и беше сторено! Го тргнавме нашиот поход кон Индија! Се договоривме со претседателот на UAE, кој сакам да го пофалам во истава прилика ( и покрај сите несогласувања со Македонскиот народ ) кој несебично прифати да помогне! Пуштија НЕ на Иран а ние пуштивме НЕ на нив! Во тој момент се зачестија нападите од страната на турската армија! Маваа на нас преку Египет, Маваа на нас преку Кипар! 2 Дена ги барав да ги прашам зошто е таквиот однос, но за жал не добив повратен одговор! Кога беше одлучувачата битка за Sistan and Baluchistan и клучниот момент за Македонците да тргнат кон Индија Турците мавнаа на нас со сите сили! Се зачестија заканите од нивна страна како сме ги изневериле, како сме ние себични, како сме ние предавници! Се обидував со 300 состаноци да ги смирам страстите, се обидував со 300 состаноци да им објаснам дека имаме договорено се, но сепак не сакаа да не ислушаат.. За жал подлегнаа под притисоците на Инчи.. Се насочија кон ЕДЕН и на секој можен начин пробаа да ни го загорчат пролазот! Водевме разговори со: Индонезија, Тајланд и со Кореа да ги мавнат Кина, за да можеме ние преку Пакистан да тргнеме кон Индија! Тоа беше нашата последна можност! Сите добро ја знаете: БИТКАТА ЗА Balochistan! Сакам да ви се заблагодарам од целиот МоД тим што несебично се преселивте и пукавте! За жал ја изгубивме битката и последниот обид пропадна ( Повторно по вина на Турција ). Тогаш, веќе се беше изгубено, се беше паднато во вода, сите можни калкулации се искомпликуваа! Во тие моменти, знаејќи дека Турција ќе мавне НЕ на нас отворив нов канал #udar.mkd за акции коишто беа наменети за помош на нашите сојузници! Помагавме на Унгарија, Помагавме на Србија, Помагавме на Полска, Помагавме на Шпанија! Направивме се што е во наша корист за да им помогнеме да се одбранат од нападите на ТЕДЕН земјите! Истотака би сакал да ви се заблагодарам на сите коишто учестуваа во овие акции!

Посебно ми е драго, посебно ми е мило за битката вчера, битката со Турција!

Македонци, ме направивте горд како ваш Министер за Одбрана, го направивте секој еГраѓанин на еМакедонија да се чувствува ГОРДО!! Пукавме сите, трошевме сите, седевме сите на армиски канал и пратевме наредби! еМакедонија не била вака 8 месеци, уште од првиот напад на Грција! Сакам да ви се заблагодарам на сите за вашата помош, сакам да ви се заблагодарам на сите за вашата соработка!

Македонецот никогаш нема да биде поразен! Македонецот секогаш ќе се врати помоќен од кога и да е! Имајте на УМ: Го нема Егеј, го нема ни Пирин, ни Мала Преска, ниту Прохор Пчињски, ние сме проклет народ, но ПИРЕЈ не се корне.. !


Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам исто на Академијата составена од сите Македонски искусни играчи! Момци, ви благодарам за сета помош!

Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на Scymex, Aexil Kong, Mudash, Sapience, Hoban Washburne, Maya The Bee и останатите тенкови! Вие сте нашите идоли!

Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на фалангата на чело со: MagiMaster (Грчкиот шпион) за сета соработка и за сета помош што ми ја пружија при мојот мандат! Момци&Девојки! Секоја чест!

Во оваа прилика би сакал да им се заблагодам на целиот МОД ТИМ: DanakMKD, MagiMaster, Princess Emily, Mehandzijski, Kirijana, ShadowStalkerr, Warlor! Ви благодарам за целата помош!

Во оваа прилика би сакал да им заблагодарам и на базука тимот, армијата, цивилите!
ВИЕ СТЕ УДАРНАТА СИЛА НА МАКЕДОНИЈА! САМО СЛОЖНО МОЖЕМЕ ДА ГО ОСТВАРИМЕ ТОА ШТО ГО ПОСАКУВАМЕ!




Со почит,
Министер за Одбрана: DarkoDimovski1